СПОРТ 

Преку спектакл до опстанок

Осогово го одигра најдоброто полувреме откако е член на втората фудбалска лига на Македонија и тоа против една од најдобрите екипи Пелистер, и стави печат на уште една сезона во второто по квалитет натпреварување во државата. Со трите гола и трите бода освоени во последното полувреме од последното коло, жолто-сините ги израдуваа навивачите и најверните сејмени, но и љубителите на фидбалот во регионот, бидејќи сите тие ќе имаат можност уште една година да гледаат второлигашки фудбал на градскиот стадион Никола Мантов во Кочани. Управата на Осогово на спуштањето на завесата…

Прочитај повеќе
Екологија 

Еколошка акција „Генералка Викенд 24“ на 17 мај во Кочани

Општина Кочани и годинава ќе учествува во најголемата еколошка акција во државата „Генералка Викенд 24“, којашто по четврти пат ќе се одржи на 17, 18 и 19 мај. Еколошката акција во Кочани ќе се одржи на 17 мај со почеток во 09:00 часот, а ќе се расчистува на повеќе локации во градот. Во акцијата ќе учествуваат вработени во општинската администрација, КЈП „Водовод“, ученици од основно и средно образование, како и децата од ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани. Акцијата „Генералка викенд 24“ е во организација на компанијата „Мен анд маунтен“ и…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

20 години постоење на ПСК „Осогово„

Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ – Кочани годинава го прославува својот 20 роденден. Со цел обележување на овој јубилеј, на туристичкиот локалитет Пониква, на 01 и 02.06.2024 година, ќе се реализира настан со повеќе спортски активности. За овој настан има најавено присуство на повеќе спортски клубови од Македонија и соседните држави, како и поединци, вљубеници во планината. Во прилог Ви ја најавуваме нашата програма за овие два дена: 01.06 –сабота:          15:00ч  Прием на гости ,поставување на шатори или сместување во сместувачките капацитети -хотели во Пониква          18:00ч Информација за престојниот настан…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Бод за завршна драма на Осогово за опстанок

Во предпоследното коло на Втората фудбалска лига на Македонија, Осогово го освои можеби најзначајниот бод во последните десетина годни, бод на надеж, кој ги продолжува и ги прави шансите за опстанок поприлично реални. Можеби спасоносниот бод, доколку се потврди со победа против Пелистер на свој терен, во последното коло, е освоен во натпревар кој домаќините, Аресими, со два гола го шокираа гостите. Меѓутоа, водството како да ги отрезни кочанчани, кои како да сватија дека нема што повеќе да загубат, што придонесе за отворена игра и брзо израмнување на резултатот на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Мал зафат за голема сообраќајна придобивка

Заврши реализацијата на градежните активности за модернизација на преминот на горниот строј на пругата која поминува низ јужниот дел од градот Кочани, поконкретно со вкрстувањето на патниот премин кај основниот суд, кој претставува дел од ул. „Никола Карев“. На преминитесе одстранети сериозните деформитети кои го отежнуваа сообраќајот, и е поставена гумена подлога со цел да се амортизира и олесни минувањето на возилата и да се забрза протокот на сообраќајот. Овој релативно мал зафат ќе обезбеди голема сообраќајна придобивка бидејќи фреквенцијата ќе се одвива со нормален тек, а возачите нема да…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Маж загина во сообраќајка на експресниот пат

Триесет и девет годишен маж загина во трагичната сообрајна несреќа што ноќеска се случила на експресниот пат Штип-Кочани, близу клучката за накај Пробиштип. Пријавата за трагичната несреќа во СВР-Штип стигнала во 2.24 часот, потврдуваат од СВР-Штип. Според неофицијални информации во несреќата учествувало само едно возило. Од првичниот увид е утврдено дека автомобилот марка Рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички, од засега непознати причини  излетало од коловозот, Притоа, од здобиените повреди починал совозачот И.М од Скопје, додека сопругата која наводно го управувала возилото, како и две малолетни деца се пренесени во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Велигденска честитка од градоначалникот

По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати честитка, во која стои: „Почитувани сограѓани, Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, дозволете ми да Ви го честитам Вам, на сите православни верници и да Ви посакам Христова љубов, здравје и спокој во секој дом. Празнувајќи го Христовото воскресение ја славиме безусловната љубов и мирот меѓу сите луѓе на светот, ја чуваме нашата традиција, нашето духовно културно наследство, затоа да се радуваме заедно со радоста велигденска и сплотенo да го прославиме…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се обновува бојата на оградите во Кочани

Во тек е бојосување на оградите на мостовите и на заштитните огради во Кочани. Со договорот за бојосување огради што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Политехна-компани“ од Кочани, во тек е бојадисувањето на металните огради во Кочани. Активностите започнаа од Двојниот мост. Деновиве екипите работат на мостовите на Кочанска Река, а бојата на оградите ќе се обнови и на мостот на Масалница во Оризари.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Инсталирани фотоволтаични централи на Пречистителната станица

Заврши инсталацијата на фотоволтаичните централи на кровот на Пречистителната станица за отпадни води во Кочани. Во присуство на претставници на фирмите за изведување и за надзор, на Општина Кочани и КЈП „Водовод“,  фотоволтаичните централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати беа пуштени во пробна работа.  Инсталацијата на фотоволтаичните системи на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци се реализира со проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“, со грант од Центарот за меѓународна соработка и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 2 мај во Кочани започнува Велигденски хепенинг

На 2 мај, во Градскиот парк во Кочани ќе почне Велигденскиот хепенинг, што го организира Општина Кочани во соработка со стопански субјекти и јавни установи од Кочани. Од 10 ч. ќе се одржи „Велигденски пазар на можности“ на Јавната општинска установа „Павлина Велјанова“ – Кочани, кој ќе биде придружен со музички настапи на ученици од ОУ „Никола Карев“ и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“.  ЈОУ Библиотека „Искра“ ќе приреди „Велигденска работилница“, а во знакот на големиот христијански празник ќе има и ликовен перформанс од Школата за цртање при Центарот за култура „Бели…

Прочитај повеќе