ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нови тротоари на Ул.„3-та Македонска бригада“

Со договорот за изведба на тротоари што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Урбан павер“ од Скопје, почнува изградбата на нови пешачки површини на подрачјето на Кочани. Активностите започнаа од улицата „Трета македонска бригада“, каде што се одвиваат земјените работи, по што тротоарите ќе бидат поплочени со бетонски павер елементи. Со овој проект ќе се подобрат условите за движење на пешаците и поголема безбедност во одвивањето на целокупниот сообраќај.

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Наградени ученици на ОМУ „Р. Јуруков“

На 62. Државен натпревар по музика што се одржа на 25 и 26 април во Битола, учениците  од Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани, Бјанка Димов и Јован Цветанов, под менторство на наставникот Благој Николов во дисциплина теорија на музиката ги освоија највисоките награди – прво место – специјална награда и прва награда.          Макарија Иванова, ученичка во класата на Марија Лазарова, во дисциплината пијано  освои втора награда, а Јован Цветанов, под менторство на Душан Стојанов освои трета награда. Изминатиот период учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ учествуваа на Меѓународниот фестивал со…

Прочитај повеќе