Од 9 мај во основните училишта во Кочани започнува уписот на првачињата за учебната 2024/25 година

Децата кои до крајот на календарскава година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31 јануари 2019 г., по претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог имаат право да се запишат во прво одделение. Уписите во основните училишта во Кочани започнуваат од 9 мај, а согласно Законот за основно образование, основното училиште ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште. Училиштата ќе достават покана за упис на детето, со термин кога родителот треба да се обрати кај нив. Родителот е должен…

Прочитај повеќе