ОПШТИНА КОЧАНИ 

Потпишан договорот за изведба на новопроектирана улица на Пониква

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот за изведба на новопроектирана улица со должина од 340 м, во СРЦ „Пониква“. Потпишувањето на договорот е по спроведена јавна набавка од Центарот за развој на Источниот Плански Регион, а за изведувач е избран „Дикор ЦД“ од Струмица. Реализацијата е со средства за  планските региони обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија, Центарот за развој на Источниот Плански Регион и од Буџетот на Општина Кочани – со одлука на Советот на Општина Кочани за кофинансирање на проектот „Уредување на СРЦ Пониква“.…

Прочитај повеќе
КОРИСНО 

Ќе се реновира и доопреми „Бавчалук“

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип застапувана од Извршниот директор Невенка Лонгурова Гирова, како давател и Општина Кочани застапувана од Градоначалникот Љупчо Папазов, како корисник на поддршката, деновиве потпишаа Меморандум за соработка за проектот „Направи разлика!“. Притоа, двете страни се договорија Фондацијата за развој на локалната заедница Штип да му додели на корисникот, финансиска поддршка во износ од максимум 1.050.000 денари за покривање на максимум 30% од трошоците за реализација на иницијативата: „Уредување на паркот во месноста Бавчалук“. Инаку, вкупната вредност на проектот изнесува 3.781.720,00. Реализацијата на иницијативата е…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

За пензионерите во БИХ и пензија и работа

Пензионерите во Босна и Херцеговина конечно добија можност да работат без да им се запре исплатата на пензијата. Но, можат да работат само оние кои отишле во  предвремена и старосна пензија, но не и оние кои примаат семејна и инвалидска пензија. Законските измени се донесоа затоа што Уставниот суд ја прогласи за неуставна суспензијата на пензиите за пензионерите кои ќе се вработат. Важната законска измена ја поздравија и самите пензионери од оваа бившојугословенска држава кои во иднина ќе можат да се вработат без да им се укине пензијата. Во уште…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Лани искоцкани 800 милиони евра

Неверојатни 800 милиони евра оставиле граѓаните во нашата сиромашна држава на разни игри на среќа, народски кажано, на коцка во текот на 2023 година. Имено, толкави пари инкасирале 58-те правни субјекти кои се занимавале со коцкање и обложување. Притоа, компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, имале чиста добивка од 70,4 милиони евра, што за држава и граѓани со мала финансиска моќ, е извонреден профит. Не се знае колку пари се изнесени од државата и искоцкани низ балканот и пошироко. Инаку, во оваа дејност со обложување и игри на среќа…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Селекторот Андов со нова победа со женската репрезентација

Женската фудбалска репрезентација на Македонија, под водство на селекторот Александар Андов, извојува значајна победа на гостувањето кај Молдавија со резултат 4:2 со што го забележа вториот триумф во квалификациите за ЕП 2025. Стратегот на нашиот национален тим постави ефективна тактика и го надмудри селекторот на домаќинките, што резултираше со надмоќна и ефикасна игра. По ова коло, Словенија е првопласирана со максимални 12 бодови, Македонија е втора со освоени седум бода, третопласирана е Летонија со три, а еден има Молдавија. Следниот мошне значаен натпревар избраничките на селекторот Александар Андов ќе го…

Прочитај повеќе