Слога победнички, Осогово поразен

Во рамките на 12 коло на Втората фудбалска лига Исток, екипата на Осогово на гостувањето во Кавадарци, претрпе пораз од Тиквеш со 3:1, полувреме 1:1. Осоговци беа рамноправен противник само во првите 45 минути, додека во второто полувреме домаќините со два гола стигнаа до целта, трите бода.

Слога 1934 лесно се справи со Плачковица од Радови, екипа која ја победи и на гостувањето. Виничани победија со 3:0, а ако играа посериозно, можеа да постигнат уште некој гол.

Еве ги комплетните резултати од 12 коло. Кит Го-Росоман 3:0, Победа – Каменица Саса 1:2, Брегалница – Кожуф 3:0, Слога – Плачковица 3:0, и Тиквеш – Осогово 3:1.

Во наредното коло, кое се игра на 25.11.2020 г. (среда).

Сподели: