„Европа 92„ донираше заштитна опрема за Општа болница

Потврдувајки за својата општествена одговорност и хуманост ,во услови на пандемија и кризна состојба, Печатницата „Европа 92„ донираше заштитна опрема неопходна за потребите на медицинскиот персонал кој работи во Ковид центарот при општа болница Кочани. Донацијата вредна 165 000 денари се состои од 200 заштитни маски KN 95, 300 заштитни одела, 10 безконтактни термометри, 10 пулс оксиметри, 5 апарати за мерење на крвен притисок, 4 регулатори за кислород и 2000 заштитни ракавици.

Преку оваа донација, сопствениците на Европа 92 се надеваат дека ке помогнат на пациетите и медицинскиот персонал за борба против коронавирусот.

Сподели: