Среде бел ден силувал 34 годишна жена

Во текот на вчерашниот ден, триесет и четиригодишна жена од кочанско село пријавила во полиција дека била силувана од жител на селото Жиганци.

Во кратката информација на МВР стои дека на 11. декември 2020 година, во 18,00 часот во Полициска станица во Кочани, 34 годишна жителка од кочанско село пријавила дека истиот ден, околу 11,00 часот, во барака во атар на едно кочанско село, врз неа била извршена обљуба од И.Ј. од селото Жиганци.

Сподели: