Првите мерења открија уште два загадувачи …

Ќе го реши ли Кочани проблемот со загадувањето, е круцијалното прашање кое граѓаните си го поставуваат секој ден, гледајќи го замаглениот воздух и дишејќи ги штетните ПМ !) и разни други честички. Додека чекаат одговор ги следат секојдневните податоци од мерењата на квалитетот на воздухот, според градот котира во самиот врв на најзагадените во државата. Ако е за утеха, фирмата „Еуромак контрол“ по двомесечни мерења утврди дека освен Пејпар Мил, загадувале уште четири фирми во индустриската зона.

Првите извештаи добиени со мерката за контрола, анализа, следење и информирање за квалитетот на животната средина, реализирани од општинската Програма за заштита на животната средина за 2020 година ги истакнуваат критичните локации во Кочани каде е забележана емисијата на загадувачки супстанции.

Имено, во периодот од 25 до 27 ноември, на неколку специфични локации во Кочани се извршени мерења  и анализи во животната средина на емисии во воздух од стационарни извори на загадување и на концентрација на прашина – ПМ10 честички. Според нив, концентрацијата останува висока во старата индустриска зона, каде при мерења и во услови кога не работи „Пејпр мил“, има отстапување од граничните вредности, односно се регистрирани 84,77 микрограми на метар кубен. Тоа е за 34,77 микрограми на метар кубен повеќе од дозволената вредност која изнесува 50 мг/м3.

Истовремено во Лесна индустрија, на ул. „Крижевска“ во Кочани, измерената концентрацијата на ПМ10 честички е 51,73 µg/m³. Од мерењата на концетрација на загадувачки супстанции во отпадни гасови од емитер (оџак) и чаднокатрански број кои се создаваат при работа на котел за потребите на производствен процес, извршени на четири правни субјекти во Кочани, кај два е регистрирано отстапување од граничните вредности.

Добиените податоци ќе бидат пратени до надлежните институции, со цел да преземат соодветни мерки, а онаму каде ингеренциите се на единицата на локалната самопурава, ќе постапува општинскиот инспектор за животна средина.

Прашање кое останува без одговор, е зошто бројките на загаденост енормно растат во вечерните часови, а паѓаат во раните утински. Кој загадува во тој период?

Сподели: