Трканчани се испотепале, заиграл и нож

В недела, на 04. април 2021 година, околу 22.00 часот во Полициската станица Кочани бил приведен дваесет и шест годишниот И.М. од селото Тркање, затоа што истата вечер, околу 21.40 часот со остар предмет го нападнал триесет и осумгодишниот И.С. исто така од Тркање. На нападот со ладно оружје му претходела физичка пресметка помеѓу триесет и осум годишниот И.С. и осумнаесетгодишниот М.С, двајцата од с.Тркање, од една, и дваесет и шестгодишниот И.М. од истото село, од друга страна.

Се работи на комплетирање на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци

Сподели: