Ловџиите ќе се испотепаат

Веста дека шеесет и четиригодишен ловџија синоќа по грешка застрелал и убил човек додека бил на лов во с. Горна Матка е уште еден несреќен случај со трагичен епилог. „Убиецот“ Р.К. сам го пријавил делото во Полициската станица Сарај, објаснувајќи дека му се присторило оти е дива свиња, по што полицијата го уапсила. Застреланиот С. Ј. е 46 годишен жител од с. Матка, Скопско.

Пред десетина дена дива свиња усмртила педесегодишен ловџија во Долнодисанско. Пред два месеца повторно трагичен случај во кој ловџија застрелал и усмртил друг ловџија. Очигледно хаосот во ловството во државата доведува до повремени ловечки трагедии, кои сами по себе ја наметнуваат потребата од ставање ред во концесионерството, организираноста и почитување на ловната регулатива.

Сподели: