Спортската сала го доби името Сашко Лазаров – Чапо

Едногласно Советот на Општина Кочани денеска го изгласа предлогот на советникот Венко Крстевски, Спортската сала да го носи името на неодамна починатиот Сашко Лазаров – Чапо. На овој предлог се надоврза и предлогот Советот на општината да започне со организација на традиционален меморијален турнир за млади категории, кој исто така ќе го носи неговото име. На тој начин градот му се оддолжува за неговиот придонес во афирмацијата и развојот на кочанската кошарка.

Сподели: