Атрактивна планинарска обука на Пониква

Денеска на Пониква се одржа дводневна „Зимска планинарска школа“, во организација на Планинарскиот спортски клуб „Осогово“, а во соработка со Федерацијата за планинарство на Македонија и неколку планинарски клубови од државата. Обуката и показните вежби се одржаа вчера и денеска  на ски-патеката број 3, близу манастирот „Св. Василиј“, со учество на поголем број љубители на планинарањето.

-Претставници на планинарската федерација на Македонија истакнаа дека целта на обуката е обновување и стекнување на знаења за безбедни зимски искачувања на планина. Пониква е исклучително убав дел од Осоговските планини и тука е вистинско задоволство да се работи на планинарските вештини. Штета е што и во Кочани и во државата не се посветува поголемо внимание на планинарењето, кое е исклучителнпо корисен спорт. Самата обука привлече и други посетители на Пониква,  поради атрактивноста на планинарските вештини, опрема, и презентирањето на реакции во различнми непредвидливи ситуации.

Сподели: