Презакажана 14 седница на Советот

Денеска нешто пред 8 часот, Општина Кочани лиферуваше известување до медиумите дека четиринаесетата седница на Советот на општина Кочани нема да се одржи, односно дека е одложена за друг термин. Во првичното известување не се наведуваат причините за откажувањето на седницата, меѓутоа Актуелности.мк неофицијално дознава дека претседавачот поради оправдани причини не бил во можност да ја води истата. Подоцна, следуваше ново известување дека Четиринаесетата седница е презакажана за 11. Јули, понеделник, со почеток во 9 часот.

Инаку, комисиската расправа по точките кои се на дневен ред, а во функција на 14-та седница се одржа на 7. Јули, што значи дека се исполнети условите за одржување на истата. На седницата треба да се расправа по вкупно 24 точки, меѓу кои Извештајот за извршување на Буџетот за вториот квартал од годинава, годишните планови за вработување во Општината, како и во дел од училиштата, предлог решенија за формирање комисии.

Со посебен интерес се очекува како советниците ќе се произнесат и по Предлог одлуката за долгорочно задолжување на општината во деловна банка за реализација на паркинг-платформата кај Трговскиот, по првата јавна расправа на која засегнатите граѓани не и дадоа зелено светло.

Сподели: