Стразбур ја прифати апликацијата на Ратко Димитровски за Поштенска Банка

Апликацијата до Европскиот суд за човекови права, поднесена од обвинетиот Ратко Димитровски за случајот „Поштенска банка”, преку адвокатот Петро Јанура, е прифатена. Таа успешно ја помина првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеност. Предметот е регистриран и проследен на понатамошно постапување.

– Апликацијата е поднесена во врска со поднесениот обвинителен акт, кој беше крајно неоснован. Уште од моментот на отворањето на случајот па до денес, во континуитет се вршат флагрантни повреди на моите права. По поднесувањето на обвинението, беа вложени сериозни приговори кои укажуваа дека обвинителниот акт е поднесен без постоење на законски основи. Откако обвинителниот акт беше потврден од судот, односно моите приговори беа одбиени, беше поднесена апликација до Судот до Стразбур. Со оглед на фактот што предметот од самиот почеток го следат контроверзи, а повредата на моите права е очигледна, очекуваме позитивна завршница – вели Димитровски.

ЕСЧП претходно ја прифати и апликацијата на гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, обвинет за истиот случај.

Сподели: