КЈП „Водовод„ го исчисти паркингот на Пониква

Со соодветна механизација и работна сила, КЈП “Водовод” Кочани денеска го исчисти просторот на паркингот на територија на туристичкиот центар “Пониква” и околината при што беа собрани и исфрлени повеќе од 20 метри кубни отпад.  На оваа локација во последно време се забележуваше несоодветно одлагање на отпад надвор од предвидениот простор за таа намена.

Тука често се одлагаше и опасен отпад, со што дополнително се придонесуваше кон загадување на животната средина.

Дополнително, во текот на денешниот ден, комуналните служби на КЈП “Водовод” Кочани целосно ја исчистија и областа околу месноста викана Аеродром пред туристичкиот центар “Пониква”.

Во претстојниот период, ќе се чистат и други депонии на територија на Општина Кочани и населените места.

Претходно, комуналното претпријатие во соработка со Општина Кочани учествуваше во чистење и хортикултурно уредување на повеќе локации во Кочани.

КЈП “Водовод” Кочани заедно со локалната самоуправа ги повикува сите граѓани да се грижат за животната средина и заедно да придонесеме за чисто и зелено Кочани.

Сподели: