Средба на градоначалниците на Кочани и Брацигово, Папазов и Казакова

Во рамките на активностите од проектот „Дигитално културно наследство“ од Еразмус + програмата, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска оствари средба со делегација од Општина Брацигово, Република Бугарија, предводена од градоначалничката Надежда Казакова.

Во проектот „Дигитално културно наследство“ од Еразмус + програмата, покрај ООУ „Никола Карев“ од Кочани, учесници се и основни училишта од Велики Буковец – Хрватска и Пазарџик – Бугарија, како и невладини организации од овие држави.

Целта на проектот е да се претстави културното наследство на сите овие држави преку креативноста и иновативноста на учениците и менторите, со помош на современа опрема која се добива од проектот, како што се камери 360 степени, лаптопи и телефони. 

На средбата на градоначалниците беа разменети мислења за можностите за проширување на добрососедската меѓуопштинска соработка. 

Сподели: