Ѓорѓи Серафомов избран за претседател на Собранието, а Јелица Зафирова на ИО на ЗП „Кочани“

Делегатите на Изборното собрание на Здружението на пензионерите на Општина Кочани едногласно за нов претседател на Извршниот одбор ја избраа Јелица Зафирова. Тоа е прв случај во историјата жена пензионерка, да ја извршува функцијата претседател на Извршниот одбор.

Досегашниот претседател, Ѓорѓи Серафимов, кој здружението успешно го води од 20008 година, во претстојниот четиригодишен мандатен период , е избран за претседател на Собранието, а Ацо Стојанов е избран за делегат во Здружението на пензионерите на Македонија.

На изборното собранието кое се одржа во пензионерскиот клуб во “Колор”, беа разгледани и усвоени Програмата за работа и Финансискиот план на Здружението на пензионерите за 2023 година.

Сподели: