Пожар во Хотелот „Центар“ во Виница

Денеска во доцните попладневни часови избувна пожар во Хотелот „Центар“, односно поранешната стоковна куќа лоцирана во центарот на Виница, од каде се креваше густа чад која ги вознемири граѓаните.  Со брза интервенција на противпожарните служби од Виница и од Кочани, пожарот е изгаснат за нешто повеќе од еден час, при што е спречена поголема катастрофа. Засега не се знаат причините за пожарот, како и предизвиканата материјална штета. Се очекува истрагата да го утврди сето тоа. Неофицијално, огнената стихија започнала од делот каде што биле сауната, но за среќа не ги зафатила хотелските простории, маркетот и другите деловни канцеларии.

Онаку, целокупниот објект е во сопственост на реномираната Компанија Макпрогрес.

Сподели: