Шумски полицајци нападнати од дрвокрадци

Вчера околу 16,30 часот, вработени во шумската полиција во Кочани, додека извршувале службени дејствија во содејство со полициски службеници од полициската станица, биле физички нападнати од група дрвокрадци при одземање, односно запленување на патничко моторно возило  „Лада Нива“. Возилото било без регистарски ознаки и натоварено со неутврдена количина огревни дрва, без соодветна документација за нив, се вели во информацијата од МВР.

За инцидентот е известен Јавен обвинител, и се преземаат мерки за негово расчистување и приведување на напаѓачите заради понатамошна постапка.

Сподели: