Трошете ги парите, доаѓаат чипови

ТЕХОЛОШКАТА РЕВОЛУЦИЈА РЕШИЛА ОД ЧОВЕКОТ ДА ПРАВИ РОБОТ. ОСЛОБОДУВАЈТЕ СЕ ОД КЕШОТ, ЗАШТО ПАРИТЕ ЌЕ СЕ УКИНУВААТ, А ЧИПОВИ В РАКА ЌЕ СЕ ВГРАДУВААТ. НА ДЕНАРИТЕ, ЕВРАТА, ФРАНЦИТЕ, ДОЛАРИТЕ, ИМ ОДБРОЈУВА ЧАСОВНИКОТ.

Кога пред две-три децении се зборуваше дека ќе дојде време водата да се купува на литар- никој неверуваше. Кога се најавуваше дека дрвата за огрев ќе се купуваат на кило-пак малку кој веруваше. Кога првпат се спомнаа мобилните телефони-мислевме некој се занел во некаков филм. И кога се навестуваше дека наместо со пари ќе плаќаме со картички-на повозрасните тоа им звучеше како нестварна фантазија. Сега велат дека во блиска иднина ќе се укинат парите и дека во раката ќе се вградуваат чипови со кои се ќе може да се купи и плати.

Меѓутоа, кога неодамна една познатата германска ТВ куќа му соопшти на германскиот народ дека се укинуваат парите, и дека на сите ќе им биде вграден чип во десната рака – јавноста збесна. Залудно новинарот им објаснувал како експертите се согласни дека им е дојден крајот на книжните пари, бидејќи тие се едноставно непрактични, можат да се скинат, да изгорат, да се украдат, аргументирајќи го образложението со примерот на суперразвиената Шведска која речиси целосно ги повлече парите од оптек, бидејќи сите плаќаат со картички.

Втората иновација е вградување на имплант на сите во рака, што е безболно, не го загрозува здравјето и е многу посигурно и попрактично отколку книжните пари. Укинувањете на кешот ја тресе Европа како торнадо. Започна во Италија со образложение дека е тоа добар начин за борба против мафијата. Во Холандија стапи во сила закон според кој кафулињата не мора да примаат кеш доколку не сакаат.

На последниот состанок на светските моќници, односно најразвиените седум земји, се расправаше за укинувањето на парите, односно кешот од оптек во сите земји на Европа . Нема веќе печатење пари, нема трошоци, нема грабежи на банки, точно ќе се знае кој и со какви пари што купил. За секое плаќање од пекара до тоалет, банката ќе наплака провизија и на плаќачот и на тетката во клозетот

Колку побрзо се обистинат овие најави, толку поголем ќе биде притисокот врз граѓаните да го трошат кешот, или да го ставаат во банка.

Сподели: