На 5 минути примаа гол

Нов катастрофален пораз на екипата на ЖФК Кочани, која на свој терен загуби од надмоќните гостинки од Струмица со катастрофални 17:0. Тоа значи дека девојчињата на тренерот Јовановски на секои 5 минути примаа по еден гол. Фудбалерките на Тиверија си поигруваа во секој фудбалски смисол со кочанчанки, при што мрежата ја тресеа кога ќе посакаа. Домаќинките немоќни, безидејно, неспремни, само ги броеја головите во сопствената мрежа, без знаење и сила да направат нешто повеќе.

Резултати од 10-то коло: Каменица Саса-Скопје 3:0, СЦ Истатов-Плачквица 5:0. Шкупи-Речица 4:2, Борец-Ас Јунајтед 0:4, Атлетико-Топ Гол 3:1 и Деспина – Љуботен 12:0.

Сподели: