За „Осогово“ и „Слога 1934“ по бод

И во вториот натпревар во серија, на свој терен, Осогово не успеа да ги освои трите бода, кои му се потребни за позначаен исчекор во горниот дел на табелата. Осоговци ги поделија бодовите, без постигнат гол и со Кожуф од Гевгелија, екипа која на отворањето на првенството, славеше победа против жолто-сините, и со тогашните три и сегашните два, му одзеде на Осогово пет бода. Натпеварот во Кочани беше под нивото на второлигашки фудбал, без многу осмислени и атрактивни акции и потези, па одтука, поделбата на бодовите е најреален исход.

„Слога 1934“ го одигра веројатно најслабиот натпревар на свој терен во ова второлигашко првенство. Избраниците на шефот на стручниот штаб, Крсте Крстев делуваа незаинтересирано во поголем дел од натпреварот, а се разбудија дури откако примија гол. Се доби впечаток како паузата од една дополнителна седмица негативно да влијаела врз подготвеноста и формата на екипата. Фудбалерите на „Росоман“ од друга страна со покривање на целот терен, знаеја да ја умртват играта на домаќинот, да ги неутрализираат Бујчевски и Иванов, и да одиграат егал во Виница. Посебно добра партија кај Росоман пружи голманот Анѓелков, кој во два-три наврати спаси сигурни голови.

На другите натпревари од 10-то коло, во Штип „Брегалница“ ја победи „Каменица Саса“ со 3:0,

Во Кавадарци „Тиквеш“ убедлив против „Плачковица“ со 5:1, во Пехчево „Кит Го“ минимално ја победи „Победа“ со 1:0, во Кочани „Осогово“ – „Кожуф“  0:0 и во Виница „Слога 1934“ – „Росоман“  1:1. Во следното 11 коло „Осогово“ го пречекува „Кит Го“ а Слога 1934 и гостува на Каменица Саса.

Сподели: