ЗАНИМЛИВОСТИ 

5 најздрави сезонски намирници за силен имунитет

Со ниските температури и студениот бран во овој период од годината, на секој организам му е потребно внесување на поголемо количество на витамини за одржување на имунитетот и на здравјето. Во продолжение ке ви препорачане пет корисни намирници кои не само што штитат од настинки и вируси, туку се препорачуваат  да се консумираат секојдневно на вашето мени . Цвеклото содржи витамини Ц,Б , ПП и Е, како и голема количина на железо, магнезиум , фосфор и други елементи во траги. Него треба да го користите секојднесвно во салати или да…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

НАПРАВЕТЕ ДОМАШНА МАСКА ЗА ЛИЦЕ ОД КОЧАНСКИ ОРИЗ.

 Кочанскиот ориз , покрај тоа што се користи за подготовка на  вкусни јадења,од него  може да се направи и домашна маска за нега на кожата на лицето. Оризот е богат со витамини од групата Б кои го стимулираат обновувањето и растот на клетките, го подобруваат и забрзуваат протокот на крв во кожата на лицето и го забавуваат стареењето на клетките. Кочанчанки уште веднаш може да го испробаат рецептот , кој се состои од   -3 лажици ориз -1 лажица млеко -1 лажица мед А подготовката на оваа маска за лице…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Место ќесе со ѓубре, фрлил ќесе со 22.000 евра

Дека по светот се случуваат секакви случки, потврдува необичниот настан со анонимен еѓипчанец, кој во потрага по подобар живот, заминал на работа во Кувајт. Откако спечалил солидна сума на кувајтски динари, тој подигнал од банката дел од нив, и за да ги маскира, ги ставил во пластична кеса, веројатно идентична на таа во која го собирал ѓубрето. Веројатно сметал доколку во домот му влезат несакани гости, нема да бараат пари во кеси за ѓубре. Но, кога дошло ред да го исфрли кесето во контејнер, човекот наместо тоа со сметот, го…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Трошете ги парите, доаѓаат чипови

ТЕХОЛОШКАТА РЕВОЛУЦИЈА РЕШИЛА ОД ЧОВЕКОТ ДА ПРАВИ РОБОТ. ОСЛОБОДУВАЈТЕ СЕ ОД КЕШОТ, ЗАШТО ПАРИТЕ ЌЕ СЕ УКИНУВААТ, А ЧИПОВИ В РАКА ЌЕ СЕ ВГРАДУВААТ. НА ДЕНАРИТЕ, ЕВРАТА, ФРАНЦИТЕ, ДОЛАРИТЕ, ИМ ОДБРОЈУВА ЧАСОВНИКОТ. Кога пред две-три децении се зборуваше дека ќе дојде време водата да се купува на литар- никој неверуваше. Кога се најавуваше дека дрвата за огрев ќе се купуваат на кило-пак малку кој веруваше. Кога првпат се спомнаа мобилните телефони-мислевме некој се занел во некаков филм. И кога се навестуваше дека наместо со пари ќе плаќаме со картички-на повозрасните…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Пластичен ориз за пластичен сутлијаш !?

ВО ОВА НАЛУДНИЧАВО ВРЕМЕ, КОГА СЕ СОМНЕВАМЕ ДЕКА СЕ Е ВЕШТАЧКО, СЕ ПОЈАВИ И ВЕШТАЧКИ-ПЛАСТИЧЕН ОРИЗ КОЈ ОД КИНА СЕ ШИРИ НИЗ СВЕТОТ. ШТЕТЕН Е И НЕПРЕПОРАЧЛИВ ЗА ЈАДЕЊЕ. ЗАТОА СЛОБОДНО ЈАДЕТЕ СИ КОЧАНСКИ ОРИЗ. Како што Европа го има Кочанскиот ориз, со најдобри квалитативни карактеристики, така и Кина се гордее со таму познатиот и воедно најскап на пазарот Вучанг ориз, кој името го добил по градот околу кој се произведува. Меѓутоа Кина произведува само 800 илјади тони од оваа сорта, а троши неверојатни 10 милиони тони. Тоа значи дека…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

ВОЛЦИ НЕМАЈЌИ ДРУГО, СЕ ГОСТАТ НА ЗАГАРИ

Сиромашните со дивеч ловишта, од една, и запустувањето на планинските реони, кои останаа и без луѓе и без добиток, од друга страна, драстично ја променија природната рамнотежа, поради што се почесто се случуваат необични настани. Еден таков е од пред десетина дена, односно по отворањето на ловната сезона во ловиштата со кои стопанисува Подружницата Осогово, во атарот на селата Пантелеј и Нивичани. Група ловци кои излегле на лов на диви свињи во атарот на Пантелеј, забележале дека загарите кои одгониле дивеч по повеќечасовно чекање ги немало да се вратат. Потоа…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Задоцнето лето во Јастребник. Октомвриски цвет и род на капините…

Меѓу народот популарното циганско лето во октомври ја обдарува природата на Осоговските Планини со преубави вегетација која претставува вистинско изненадување за локалното население, но и за оние кои ги крстосуваат природните убавини. Под прекрасната сончевина како мали лампиони се црвенеат шипинки, претставувајќи посебен украс во зелената и на места пожолтена дабова и букова шума. На огромните трња како бисери се црвенеат гроздови од капини, од кои дел се во фаза на зреење, а дел целосно зрели со препознатливата темно црвена боја. Вкусни, какви што не се во редовната сезона, во…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Сречко Граовац со трска и чкорчиња прави цркви

Најновото дело на Сречко Граовац е куќа направена од трупци, односно така наречена бравнара која е изработена од трски. Ова е уште еден предизвик за Граовац, кој веќе 40 години се заминава со изработка на макети од чкорчиња, дрвца и трски, а најинтересно е тоа што тој самиот е и архитект и дизајнер на уметничките дела. Најновото дело, односно брвнарата ја работел  околу три месеци. Тој претходно има изработено  шест православни црковни храмови од подрачјето на Македонија, како и од други европски земји . Макетите ги работи во слободно време,…

Прочитај повеќе