ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Во 21 век, левиот канал на ХМС „Брегалница“ не (или само делумно) функционира

Покрај рекордни субвенции и други инвестиции во земјоделството, летово изгореа од сушата стотици хектари во овчеполието, а уште толку површини се без вода само затоа што во 21 век левиот магистрален канал од ХМС „Брегалница“ е неупотреблив, или само делумно употреблив. Вработените во Водостопанство Брегалница пред некој месец штрајкуваа за плати, но и во таква ситуација со крајни напори и големо задоцнување, пуштија колку-толку вода во левиот магистрален канал, за барем некои ниви да се освежат. -Безнадежно ни е земјоделието ако во 21 век, при изграден систем, една половина од…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Градот уништи земјоделски култури

Невремето проследено со град, ветар, грмотевици и пороен дожд што во неделата, на 23 јули, зафати делови од општина Кочани предизвика штети на земјоделски насади во повеќе населени места.  Градоначалникот Љупчо Папазов денеска се сретна со земјоделски производители од Кочанско, кои известуваат за штети на површини под пипер, пченка и кај лозови насади.  По увидот на оштетени насади од страна на градоначалникот Папазов и на стручни служби, Општина Кочани упати известување до жителите кои имаат материјална штета, дека најдоцна до 9 август 2023 година можат да поднесат пријава за проценка на…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Заштита на лозјата од пепелница и пламеница

ЛОЗЈАТА СЕ НА УДАР ОД БОЛЕСТИ ПО ЧЕСТИТЕ ВРНЕЖИ, ЗАТОА СТРУЧЊАЦИТЕ ПРЕДЛАГААТ СООДВЕТНА ЗАШТИТА ПРОТИВ ПЛАМЕНИЦА И ПЕПЕЛНИЦА. ПРАВОВРЕМЕНАТА ЗАШТИТА ЗНАЧИ КВАЛИТЕТЕН И БОГАТ РОД Согласно спроведениот инспекциски надзор за утврдување на здравствената состојба на лозовите насади, во сите вински региони во државава, ДИЗ не информираше дека кај повеќето има појава на болестите пламеница и пепелница. Станува збор за економски штетници кои се честа појава особено во услови на зголемена влага, а во мометов климатските услови се многу погодни за ширење на болеста. Пламеницата на лозата е болест која редовно,…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Нема пари за семе, се сее ланска арпа

СКАПИОТ УВОЗЕН СЕМЕНСКИ МАТЕРИЈАЛ ОД ПРВА ИЛИ ВТОРА РЕПРОДУКЦИЈА, КОЈ ЧИНИ НАД 130 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ПРИНУДУВА СЕ ПОВЕЌЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ДА СЕАТ МЕРКАНТИЛ, ШТО СЕ ОДРАЗУВА НА КВАЛИТЕТОТ И НА ПРИНОСИТЕ. НИКОЈ ВО РЕГИОНОТ И ВО ДРЖАВАТА НЕ СЕ НИ ОБИДУВА ДА ИЗГРАДИ СТРАТЕГИЈА ЗА КВАЛИТЕТНО ОРИЗОПРОИЗВОДСТВО. Ниту во производствениот регион, ниту во државата некој има стратегија кога е во прашање семенскиот материјал кај оризовата култура и неговата употреба во полињата. А без квалитетно семе нема квалитетен род, зголемени приноси и производство на поголеми количини храна, за што државата се…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Акумулациите полупразни, доаѓаат рестрикции

Неповолната хидролошка состојба во првите два ипол месеци од годинава, најверојатно ќе ја остават полупразна акумулацијата Калиманци, а тоа значи дека одговорните во Водостопанство „Брегалница“ ќе мора да применат рестирктивни мерки во поглед на сеидбената структура и површините кои ќе се наводнуваат во претстојната производствена сезона. Резервите вода во најголемото вештачко езеро на истокот се движат над 70.милиони кубици, што е само за десетина милиони повеќе од половина од вкупниот капацитет од 120.милиони. Со актуелниот доток од Брегалница и другите реки, кој се движи околу 5до 6 кубни метри во…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Aпел до земјоделците да не се палат стрништа во пресрет на пролетната сеидба

Во пресрет на претстојните земјоделски активности, како и подготовките за пролетната сеидба,  СВР Штип апелира до земјоделците и граѓаните од општините на подрачјето на СВР Штип да ги преземат сите превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор, односно да не ги палат стрништата, отпадоците и меѓите на нивите кои неизгаснати брзо можат да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од големи размери. Палењето оган на отворен простор е забрането, претставува прекршок каде казната е парична. Санкциите за пожар предизвикан од човечки…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Оризот се враќа во стоковите резерви?

Откако Владата на денешната седница го стави оризот на дневен ред во делот на стекнување статус на стратешка култура, се отворија вратите за влез на оризовата арпа во стоковите резерви. Имено, утврден е текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стокови резерви, со примарна цел да се опфати оризот како производ од исклучително значење и да се создадат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа. Дали и кога ќе се спроведе процедурата и во кој рок ќе започне практичната примена…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Земјоделците вријат – договор или блокади

Почетните активности околу подготовката и наближувањето на пролетната сеидба ја зголемуваат нервозата кај оризопроизводителите во регионот, бидејќи доаѓа период на зголемени трошоци, а Владата никако да им удоволи на нивните барања. Велат дека повеќе немаат трпение и дека незадоволството кулминира, поради што најавуваат нови блокади на магистралните патишта и протести. Со досегашната аграрна политика државата остана без млади земјоделци, кои заминаа во странство и ги оставија нивите. Сега некој ќе увезувал работна сила од други земји, а може ли некој подобро да ја обработува земјата од тие на кои им…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Конкурс за обука на жени за брендирање, пакување и продажба на земјоделски производи

До крајот на годината, Општина Кочани во соработка со Фондацијата ЦЕЕД Македонија, ќе ја реализира последната од серијата тематски обуки за економско јакнење на жените. На веб-страницата на Општина Кочани е објавен конкурсот за обука на жени за брендирање, пакување и продажба на земјоделски производи. Во дводневната онлајн обука ќе бидат опфатени 20 жени кои треба да бидат невработени или вработени во земјоделскиот сектор; да имаат идеја за започнување земјоделски бизнис, сопствен бизнис во земјоделскиот сектор или да се косопственички на таков бизнис. Според критериумите во конкурсот, предност ќе имаат бизниси не постари од пет години. Жените што…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Празничен протест на оризопроизводителите

При официјално утврдена производствена цена од 27 денари за килограм арпа, наспроти откупна цена од само 22 до 25 денари, оризопроизводителите празникот 11-ти Октомври го претворија во ден на незадоволство од аграрната политика на државата, која и на почетокот на овогодишната жетвена кампања на реколтата ги остави на цедило. Поради финансиска исцрпеност голем дел од земјоделците одолговлекуваат со жетвата, бидејќи немаат средства да го платат комбајнирањето, кое чини 1.500 денари за декар, односно 15.000 денари за хектар. Дури и да ожнеат и го соберат родот, не знаат што ќе прават…

Прочитај повеќе