ПОЛИТИКА 

Ехеееј сдсм-овци, кој ве лаже да лажете?

Читајте членови и симпатизери на СДСМ: некој во ваше име напишал, „… е одобрен проект на Здружение во сопственост на наш сограѓанин – сопственик на медиум во Кочани“. Тој сограѓанин ќе да е Лазо Димитров, бидејќи тој е сопственик на ТВ Кочани ЛД. Првата приватна телевизија во Кочани, која четврта година бесплатно ги снима седниците на Советот, односно работата на советниците, затоа што поради неспособност, локалната власт не најде начин да и надомести за тоа што го сработува. И не само на неа. Видете чудо. Кочани е мал град во…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОО на СДСМ Кочани : ДПНЕ е единствената партија во Европа која во време на светска економска криза продолжува со алчност и заработка на грбот на граѓаните

На вчерашната седница на Советот на Општина Кочани, се разгледуваа 5 точки на Дневен ред, меѓу кои Советничката групa од редовите на СДСМ Кочани, побара да се додаде расправа за Reload 2 – во чие кофинансирање Општина Кочани има учество со 20%, за јавниот повик на истоимената, каде под неразјаснети околности е одобрен проект на Здружение во сопственост на наш сограѓанин – сопственик на медиум во Кочани.  Истовремено, иако Советничката група од редовите на СДСМ не го поддржа предлогот за пренамена на средства за привремени вработувања, каде 1.000.000,00 денари беа…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Општината „олеснета“ за 4.000.000 денари

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО И ЛОКАЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕНЕСКА ГО ПОСЕТИЈА МАНАСТИРОТ ДОБРА ВОДА, КОЈ ГО ПРАЗНУВА ИСТОЧЕН ПЕТОК БАЛАКЛИЈА. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ МИРЧЕ СТОЈКОВ СО СООПШТЕНИЕ ГО КРИТИКУВАШЕ НЕДОМАЌИНСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ПРЕТХОДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ Пратениците Драган Ковачки и Зоран Коцевски, од ВМРО-ДПМНЕ, придружувани од претседателот на Општинскиот комитет на партијата Мирче Стојков и претседавачот во Советот на опоштината, Лазе Митев, денеска го посетија манастирскиот комплекс Добра Вода, каде се сретнаа со претставници на црковниот одбор и со верници. Големиот манастирски собор го посети и градоначалникот…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ВМРО – ДПМНЕ Кочани: Лицемерни обиди на СДСМ за собирање ситни политички поени

Исто како во онаа старата народна поговорка – Ем шуто, ем боде- така и СДСМ денес се јавија преку перото на старо-новиот претседател, и тие да кажат нешто за денешната состојба во државата. А состојбата воопшто не е за фалење. Впрочем, тоа што е незамисливо и неприфатливо е релативизацијата на живеачката во Република Македонија: Покачени основни артикли, масло за јадење, храната, нафтата, скоро сите услуги… Во време кога бараме членство во ЕУ сеуште се вршат притисоци на наставници по основното работничко право-ШТРАЈК! А штрајкуваат сите…во сите сфери на општеството. Смешниот…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОО СДСМ Кочани : НАЈЛЕСНО Е КИТЕЊЕТО СО ТУЃИ ПЕРЈА 

Почитувани сограѓани,Сите бевме сведоци на денешното парадирање на преставници од локалната влат заедно со нивниот шеф Мицковски. Добро е што глумат загриженост за вчерашното потфрлање во однос на најавениот прекин во водоснабдувањето. Впрочем, тоа е и единственото нешто за кое би можеле да зборуваат од аспект на одговорност, како единствен потфат во кој  директно се вклучени. Она што е незамисливо и неприфатливо е бескрупулозното препишување на проекти како своја заслуга. Барем еднаш да бидат свесни дека не можат и не смеат медиумски да ја манипулираат јавноста.Тоа што им недостасуваше во изјавите,…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Кои пратеници ги памтите?

ПО ТРИ ДЕЦЕНИИ ПАРЛАМЕНТАРИЗАМ, ОД ПЛЕЈАДАТА ПРАТЕНИЦИ КОЧАНЦИ ЌЕ СЕ СЕТАТ САМО НА НЕКОЛКУМИНА. ЗОШТО? КАКВА РАБОТА (СИ) ЗАВРШИЈА ТАКАНАРЕЧЕНИТЕ „НЕМИ ПРАТЕНИЦИ“ ВО СВОИТЕ МАНДАТИ ? И ЗОШТО ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ СЕ ПОБОГАТИ, А ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОСИРОМАШНИ? Во мини анкетата помеѓу кочанчани, за тоа дали, кои и колку пратеници од двете опции памтите, и дали знаете дали и што направиле за граѓаните и за градот, сублимираниот одговор се сведува на една куса констатација: колку активни и гласни-толку запаметени. Од тука произлезе се чини и карактеризирањето на повеќето од нив како „неми…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Клиентелизам или, кого „грее“ топлата вода

ОПОЗИЦИЈАТА ИМ „ЗАШТЕДИ“ НА ОРАНЖЕРИСКИТЕ РАНОГРАДИНАРИ ЗА ДВА МЕСЕЦА 620 000 ДЕНАРИ, ДАЛИ ЗА ЦЕЛА ГОДИНА ЌЕ ИМ СПАСИ 1.471.500 ДЕНАРИ, ПАРИ КОИ ПРЕКУ КЈП ВОДОВОД, ГИ ПЛАЌААТ ГРАЃАНИТЕ?КОГА ДВАТА ПРСТА ОДЛУЧУВААТ, СЕ БОГАТАТ ПОЕДИНЦИ НА СМЕТКА НА СИТЕ ДРУГИ. Советниците од опозицијата зимава ги одбранија сопствениците на Оранжерии од концесиското зголемување на надоместот за м3 геотермална вода и им заштедија само за два месеца средства во вкупен износ од безмалку 620.000 денари. Пресметките велат дека на годишно ниво, при очекувани 450.000 м3 фактурирана гтв вода, негативната разлика која наместо…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Ќе се распушти ли Советот на Општина Кочани?

Циркузијадата која актуелниот состав на Советот на Општина Кочани им ја приредува на граѓаните, како одминуваат седниците, се повеќе се приближува до некаква кулминација, која можеби може да заврши со предвремени локални избори!? Впрочем, такви понуди и повици можат да се слушнат и од говорницата, зачинети со обвинувања за незнаење, неконструктивност, неспособност, манипулации, подметнувања и слични негативни квалификации. А и што друго би можело да се очекува ако меѓу поедини советници е присутно сомневање дека во Советот мириса на алкохол, психотропни супстанци, (читај дрога), поради што се наметнува потребата од…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Реакција на соопштението на ВМРО – ДПМНЕ

Претставници од ДПМНЕ,Престанете да ја лажете јавноста и да ја искривувате вистината пред граѓаните! Тие ви ја дале нивната доверба да раководите со Општината и НЕ СМЕЕТЕ во никој случај да ги манипулирате!Веќе неколку пати се обидувате да протнете и да си изгласате точки на дневен ред злоупотребувајќи го вашето мнозинство во Советот. Со класично шверцување одлуки на Совет, тешко дека им мислите добро на граѓаните. На тој начин само си ја покажувате својата надмоќ и се обидувате вашите планирани и договорени активности да поминат без никој да разбере.За жал, не…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОК на ВМРО – ДПМНЕ – Кочани: Дрскоста, самоволието и теснопартиските интереси во Советот на општина Кочани денес доминираа во целост

Почитувани граѓани, Дрскоста, самоволието и теснопартиските интереси денес во Советот на општина Кочани доминираа во целост, за разлика од вистинската функција на Советникот и принципите пропишани во едно нормално демократско општество. Опозицијата во Советот ги заборави интересите на сите граѓани без разлика на нивната партиска определба, директно на штета на функционалноста, потребите на граѓаните и прогресот во Општина Кочани. Со варварски и насилнички методи го урнаа дигнитетот на Советот како орган, притоа заборавајќи дека проблемите ги тангираат сите, па дури и нивните гласачи. Oд петни жили сакаа да заштитат одредени…

Прочитај повеќе