ОПШТИНА КОЧАНИ 

Петровденска литија во градскиот парк

По повод празникот на Кочани, Петровден синоќа во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ се одржа вечерна празнична богослужба на која чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион. По службата беше организирана литија и  осветување и кршење на празничниот колач во Градскиот парк, каде свештениците и верниците упатија молитви за здравје и благосостојба. – На градоначалникот и на сите луѓе во Кочани им го честитам празникот на светите апостоли Петар и Павле, посакувајќи да ве чуваат и понатаму да ви даруваат душевно и телесно здравје, да се молат на Бога и за градот Кочани и целата вселена, испросувајќи мир…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во црквата „свм Георгиј“ – духовно пеење

Синоќа, во дворот на црквата „Свети великомаченик Георгиј“, во организација на Општина Кочани се одржа концерт на духовна музика со една од најголемите дами на македонската песна Сузана Спасовска и црковниот клирос „Пелагонитиса“. Публиката имаше можност да ја проследи интерпретацијата на „Богородице, Дево“, „Света Дево Владичице“, „Свети Боже“, „Терирем“, „Тропар на Св. Петка Римјанка“, „Тропар на Св. Никола“ и др. Концертот на духовна музика е дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на Кочани.

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Операта „Дидона и Енеј“ во прекрасниот амбиент на Споменикот на слободата

Синоќа, во средишниот сценски простор на Споменикот на слободата во Кочани, во организација на Општина Кочани, Студентскиот културен центар од Ниш ја изведе операта „Дидона и Енеј“. Музиката за камерната опера „Дидона и Енеј“ е на англискиот музичар и композитор од епохата на барокот Хенри Персел, а академскиот хор при СКЦ – Ниш и камерниот оркестар настапија под диригентство на Зоран Станисављевиќ. Приказната за Дидона и Енеј потекнува од оригиналниот Вергилиев еп „Енеида“. Камерната опера во три чина е во режија на Кристина Атанасова Арсова. Ова е првиот настан што се одржа по реализацијата…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Петровденски маратон на Илиев на „Градче“

Kавадарчанецот Бошко Илиев, доктор специјалист по спортска медицина, по четврти пат го преплива езерото „Гратче“. Со поддршка од СЗР „Кочански рибар“ Илиев пливаше грбно, краул и пеперутка, по сончево и исклучително топло време.  Лекарот и продолжувач на традицијата на македонското маратонско пливање им порача  на граѓаните да ги користат условите со кои располага Кочани и што повеќе да ги практикуваат и спортските и рекреативните пливачки активности.  Градоначалникот Љупчо Папазов му изрази благодарност на д-р Илиев, кој веќе традиционално го промовира „Гратче“ како туристички потенцијал на Кочани.

Прочитај повеќе