КОВИД 19 

12 новозаразени и 1 оздравен пациент

Во изминатото деноноќие во Кочани се регистрирани 12 новозаразени со ковид 19 и 1 оздравен пациент. Вкупната бројка на активни случаи заразени со коронавирусот во Кочани е 62. На ниво на држава , од направените 3,342 тестирања, регистрирани се 725 нови случаи на ковид 19, 215 оздравени пациенти и 13 починати.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Жителите од улицата „Митко Беќарски“ – добар пример за грижа кон непосредната околина

Деновиве, жители на улицата „Митко Беќарски“ во Кочани спроведоа акција за расчистување на нивната непосредна околина, загадена со различен комунален и градежен отпад. По иницијатива на општинскиот комунален инспектор и комунален редар и опомената за несовесно постапување и третман на отпадот, граѓани од Ромското Маало го собраа сметот и го подготвија за транспорт на Градската депонија, која е единствено место за одлагање на отпадот. Според комуналниот инспектор, ова е позитивен пример за однесување кон животната средина, којшто треба да се следи и да се создава навика за зачувување на јавната…

Прочитај повеќе