СПОРТ 

Пониква угости осумдесетина велеслаломисти

На „шарената“ патеката бр. 3, поради недоволно снег, на Пониква денеска се одржа „Осоговскиот велесламом 2021“. Во организација на Општина Кочани и на Скијачката Федерација на Македонија, се натпреваруваа 82 скијачки од Кочани, Скопје, Битола, Штип, Виница и други градови. И покрај сончевото време и високите температури изминатава седмица, патеката ги задоволуваше критериумите за скијачкиот настан. Во петте категории во машка и во женска конкуренција најуспешни беа: Нина Манасиева и Мартин Паниевски во категоријата цицибани; Ана Костова и Кирил Глигоров во категоријата  деца; Сара Димитровска и Дарко Ставрев во категоријата…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Необележаниот пат однесе во провалија џип, и уби 31-но годишна девојка

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, ноќеска загина во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Кочани-Пониква, кај местото Аеродром. До несреќата дошло кога возачот на автомобилот со кој патувале од Пониква кон Кочани, не го забележал скршнувањето, продолжил кон провалијата, и иако се гледаат траги од кочење, излетале и се забиле помеѓу боровите насади. Џипот Туарек, со бугарски регистерски таблички, кој е целосно уништен, го управувал И.А. (38) од селото Облешево, Кочанско, кој исто така се здобил со телесни повреди. Во возилото во моментот на несреќата имало…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кого брани, а кого напаѓа новинарот ?

КОИ ПРИСУТНИ НОВИНАРИ ВО САЛАТА БЕЗ НОВИНАРИ, САКАШЕ ДА ГИ ОДБРАНИ УРЕДНИКОТ НА ВТОРАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ВО КОЧАНИ, КОГА ВО КОМЕНТАРОТ НАПАЃА ОДДЕЛНИ МЕДИУМИ. АКО НЕКОЈ Е СОПСТВЕНИК И УРЕДНИК НА МЕДИУМ, ДОПИСНИК НА АГЕНЦИЈА, И ИМА СЕМЕЈНИ РЕЛАЦИИ СО ОПШТИНАТА, А АДРЕСИРА ПОЛИТИЧКА ЉУБОВ НА ДРУГА АДРЕСА, ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ПОГРЕШНО НИШАНИ СО ОТРОВНАТА АМОРОВА СТРЕЛА. На место е реакцијата на уредникот на една локална телевизија во однос на дискусијата на поедини советници, на моименти бранејќи ги сите новинари кои биле присутни (!?), во салата на МКЦ, и ја следеле…

Прочитај повеќе
ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ 

Семејството Стаменкови од Соколарци едвај врзуваат крај со крај

Без пари и без елементарни услови за живот живее седум членото семејство Стаменкови од село Соколарци , општина Чешиново Облешево . Во трошна куќарка, без огрев и без услови за греење , едвај врзуваат крај со крај. Никој не е вработен, а живеат со негата која ја земаат за 7- годишниот син кој боледува од церебрална парализа. Трите ќерки одат на училиште, две во СОУ„ Гошо Викентиев„ кое плаќа вонредни испити на едно од девојчињата, а третото во ОУ „Св.Кирил и Методиј„ , но неможат редовно да следат онлајн настава…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општина Кочани ги исплати субвенциитеза печки на пелети и инвертер-климатизери

Општина Кочани ги исплати субвенциите на 158 граѓани што поднесоа барање и ги исполнија условитеза субвенции за печки на пелети и инвертер-климатизери, од мерката за намалување на продукцијата на штетни материи во воздухот кои настануваат од загревањето во домаќинствата. Според податоците на стручните служби и оваа година доминираат субвенциите за инвертер-клими. За субвенционирање на граѓаните кои се определиле да ги заменат грејните тела на дрва, јаглен, нафта или мазут, со печки на пелети или со инвертер-клими Општина Кочани намени1.760.000 денари.Висината на поединечната субвенција по барател односно домаќинство изнесува 10 илјади…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

12 новозаразени и 1 оздравен пациент

Во изминатото деноноќие во Кочани се регистрирани 12 новозаразени со ковид 19 и 1 оздравен пациент. Вкупната бројка на активни случаи заразени со коронавирусот во Кочани е 62. На ниво на држава , од направените 3,342 тестирања, регистрирани се 725 нови случаи на ковид 19, 215 оздравени пациенти и 13 починати.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Жителите од улицата „Митко Беќарски“ – добар пример за грижа кон непосредната околина

Деновиве, жители на улицата „Митко Беќарски“ во Кочани спроведоа акција за расчистување на нивната непосредна околина, загадена со различен комунален и градежен отпад. По иницијатива на општинскиот комунален инспектор и комунален редар и опомената за несовесно постапување и третман на отпадот, граѓани од Ромското Маало го собраа сметот и го подготвија за транспорт на Градската депонија, која е единствено место за одлагање на отпадот. Според комуналниот инспектор, ова е позитивен пример за однесување кон животната средина, којшто треба да се следи и да се создава навика за зачувување на јавната…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Потпишан договорот за „Подвижност“ – нов меѓуопштински проект за социјални услуги во Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска во Скопје го потпишаа Договоротза грант за развојот на социјалните услуги на локално ниво. Новиот меѓуопштински проект за социјални услуги „Подвижност“, кој ги опфаќа иопштините Зрновци и Чешиново-Облешево ќе се реализира со Општинската организација на Црвениот крст. Целта на проектот е да се унапредат социјалните услуги, за што ќе бидат ангажирани 16 обучени лица кои ќе испорачуваат услуги на 40 стари и изнемоштени лица.Проектот е одобрен од страна на Министерството за труд и социјална…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Акумулациите се полнат, сеидбениот план со проблеми

Во моментот во Калиманци се акумулирани безмалку 90.милиони кубни метри вода, што е само 30 милиони под максималниот капацитет од 120 милиони кубици вода. Со оглед на фактот дека до пуштањето на водата од акумулациите во хидросистемот Брегалница, преостануваат цели два месеца, состојбата е мошне оптимистичка. Особено ако подолго се задржи дотокот од 10 м3 вода која се влева во езерото, што може да се очекува, поради залихите од снег на планините долж течението на реката Брегалница и другите притоки. Тоа што вода за овогодишната наводнителна сезона ќе има доволно,…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Министерската Мила Царовска на средба со директорите на средните училишта и претставници на приватни компании

Министерската за обеазование и наука, Мила Царовска денеска престојуваше во Кочани, каде оствари средба со директорите на средните стручни училишта и претставници на реалниот сектор од општините Кочани и Виница,каде разговараа за отворање на нови образовни профили во наредната учебна година.  Под мотото Учи паметно, работи стручно во Мултикултурниот центар во Кочани се отвори дебата со претставници од приватни компании на која се истакна значењето на стручното средно образование и соработката со компаниите. -Со јакнење на соработката и довербата помеѓу стручните училишта и реалниот сектор можеме заеднички да создадеме квалитетно…

Прочитај повеќе