ОПШТИНА КОЧАНИ 

За три години во развојот на туризмот на Пониква се инвестирани над 150 милиони денари

Брифингот со повеќе од 20 медиумски работници од регионот,што градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев го одржа во петокот, на 5 февруари, беше посветен на промоција на Пониква и на  Осоговските Планини, а не на личности или функционери. Податокот дека само во еден викенд на Пониква имало повеќе од 5 илјади посетители е показател дека инвестициите за развој на туризмот даваат резултат. Само за три години на Пониква се вложени повеќеод 150 милиони денари. Тоа говори за менаџирање, а не за партиска политика. Граѓаните се благодарни за моторните санки, топовите…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Излетал патнички воз на пат кон Кочани- повредени нема

Вчера попладне, излетал патнички воз на делницата од Велес кон Штип во делот кај Овче Поле. Неофицијалните информации се дека меѓу десетината патници кои биле во единствениот патнички вагон, нема повредени. Од Македонски железници АД Транспорт потврдуваат дека воз излетал од шините и се работи на санирање на шетата Поради излетувањето на патничкиот вагон, железничкиот сообраќај од и кон Кочани од вчера попладне е во прекин.

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани : Николчо Илијев лицемерно ја најавува својата кандидатура

Иако брифинзите се најнормална работа во демократските општества, тоа не е случај и со нашиот градоначалник. Имено, кога се работи за оние информации за граѓаните кои се расправаат на седниците на Советот на град Кочани, тогаш настанува медиумски мрак. Но, кога се работи за себепромоција и на скриен начин се ,,најавува” кандидатура , тогаш ЗА ЖАЛ, медиумите му се добри на нашиот градоначалник. Иако имаше повеќе конструктивни прашања од страна на новинарите, одговорите го потврдија фактот дека најголем дел од проектите се изградени и наследени од минатото во време кога…

Прочитај повеќе