ЗДРАВСТВО 

Спасувале болен од Ковид, ќе загинеле во сообраќајка

Возач на болничко возило и медицинска сестра, кои превезувале заради лекување, тешко болен пациент од коронавирус од Кочани, настрадале во сообраќајната несреќа што се случи во близина на селото Крупиште, при то се здобиле со тешки телесни повреди. Двајцата здравствени работници и пациентот со тешки скршеници се примени во штипската Клиничка болница, но поради сериозноста на повредите веднаш се хоспитализирани на трауматологија во Клиничкиот центар во Скопје. Сообраќајната несреќа се случила утрово, околу 9:30 часот на регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Крупиште. Според полицискиот увид, дошло до судир меѓу камион,…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Играње со меѓунационалното со трајни последици

На човек на сила не можеш да му дадеш, (може само да му земејш), е народната мудрост која веројатно на сите им е позната. Со фотографии документираното уништување на детското игралиште во населбата Драчевик, непосредно до популарната Социјална зграда, е само уште една потврда дека кога им се помага на луѓето, мора да се води сметка на кого му се помага и што се очекува од нив. Дотолку повеќе што уништувањето на опремата во детското игралиште е втора за неполна година, и како што стојат работите, нема да биде и…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Од утре (10 март) полициски час од 22 до 05 часот

Владата денеска донесе одлука и веќе од утре стапува на сила нов полициски час кој ке трае од 22 до 5 часот. Ваквата одлука е донесена по предлог на Комисијата за заразни болести , а по зголемениот број на позитивни случаи во изминатиот период. Полицискиот час ќе трае две недели односно до 22 март на територијата на целата држава.

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Оставени сами на себе, конфекциите затвораат капацитети и отпуштаат вработени

Текстилната индустрија во источниот дел на државата дефинитивно лани и на почетокот на годинава го трпи најсериозниот удар, од сите аспекти, а по основ на Ковид кризата. Лани на пример, се загубени близу 7000 работни места токму во овој сектор. Списокот на општини во кои работодавците отпуштиле најголем број текстилци, на кој високо котираат Кочани, Струмица и Радовиш, го предводат Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово. Проблем е што пораснал и бројот на млади до 29 години што останале без работа. Уште поголем е што неколку конфекциски фирми во кочани…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Кој (треба да) се грижи за спортот во Кочани?

ВО МНОГУ ПОСИРОМАШНИ ГОДИНИ СПОРТОТ И СПОРТИСТИТЕ БЕА ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗБИДНУВАЊАТА ВО ОПШТИНАТА. СЕГА ВО ВРЕМЕ НА ПРОЕКТИ И БИЗНИС БОГАТАШИ, КЛУБОВИТЕ ЗГАСНУВААТ КАКО ДА ГИ ЗАФАТИЛА НЕИЗЛЕЧИВА ЕПИДЕМИЈА, ШТО НЕ Е ПОСЛЕДИЦА САМО НА КОВИД КРИЗАТА. НАВИСТИНА, КОЈ И КОЛКУ СЕ ГРИЖИ ЗА СПОРТОТ ВО КОЧАНИ? Што се случува со спортот во Кочани? Дали наместо спортски клубови, многу брзо ќе остане само стратегијата за спорт, како документ од кој до практична реализација треба да се помине долг пат. Деновиве објавените фотографии од салата на БК „Спартак“ оставаат морничав…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Од утре започнува исплатата на социјална, детска и цивилна помош

Oд утре 4 март (четврток) започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец февруари 2021 година, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Корисниците коишто имаат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 март 2021 година. Според МТСП, за да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од ковид-19,…

Прочитај повеќе