КОМЕНТАР 

Свеќароска против (финансирање на) медиумите

Личниот став на советничката Жаклина Свеќароска Филипова, како претставник на бескомпромисната Левица, за не„финансирање“ на медиумите, заслужува соодветно внимание. Особено ако поради неколкугодишната политичка пасивност подзаборавила дека со десетина, дваесет или триесет илјади денари по медиум, месечно, не се обезбедува финансирање, туку само скромен надомест за сработеното, кое реално има повеќекратно поголема вредност. Или, ако се сети дека нема потреба да си ја сече гранката на која седи, заборавајќи оти медиумите сигурно придонеле да се доближи до граѓаните преку нејзините активности и настапи, некогаш како советничка од ДОМ, сега од…

Прочитај повеќе
КОМЕНТАР 

По тригодишен сон – будење со селективно сеќавање

Добро е. Конечно на новинарската сцена се враќа локалната Канал 8 Телевизија, без оглед што граѓаните сеуште не знаат чија е. Дури и низ призмата на една „флоскула“ и „кратко паметење“ на поедини советници, кои ја разбудија од тригодишниот сон во закрилата на претходната власт, кога се комодираа со стварен и лажен газда, и кога не им пречеше да работат бесплатно (ако било бесплатно?), вртејќи им грб на иницијативите и барањата на другите медиуми за средства од општинскиот буџет. Дури и по цена да останат со само еден-двајца вработени. И…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Здружение на оризопроизводители „Бело злато“Поддршка во висина од 3 денари по килограм за производство на оризова арпа

Нa предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата усвои финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството и откупот на ориз и тоа:– Поддршка по килограм за производство на оризова арпа од род 2020/2021 година која во периодот од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач запишан во Регистарот на откупувачи или преработена во сопствениот преработувачки капацитет, во висина од 3 денари по килограм. Ова е дел од пакетот мерки  со кои се планира финансиска поддршка во земјоделието и истите, деновиве треба да…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Одржана инфо-сесија за запознавање со работата на Pегионалната канцеларија за младинска соработка и можностите за младинско учество

Денеска во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани, претставници од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Локалната канцеларија во Скопје поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и претставници од  Агенцијата за млади и спорт, организираа инфо-сесија преку која се направи локално информирање за работата и тековните проекти на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Во инфо-сесијата беа вклучени младите од Општина Кочани, бидејќи тие како движечка сила на едно општество, потребно е да им се создаде простор за искажување и со тоа да бидат активини на локално ниво. Имено,…

Прочитај повеќе