СПОРТ 

Осогово поразено од Кожуф, сламката на спасот се вика Детонит

Екипата на Осогово не успеа да се врати непоразена од гостувањето во Гевгелија, каде домаќинот Кожуфа со еден постигнат гол освои три бода и си го обезбеди опстанокот во второлигашкото друштво. Со овој пораз „Жолто сините“ се доведоа во уште потешка ситуација, бидејќи конкурентите во ова коло прокнижија победи и се одлепија по три бода. На две кола до крајот на првенството три екипи прават калкулации како да се обезбеди опстанокот. На Осогово му преостануваат натпреварите против Детонит во Кочани и Братство на гости. Дуелот со Детонит ќе биде игра…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Одигра ли „Каменица Саса“ 0:0 за себе, или за некоја друга екипа !?

Чудно играа и уште почудно се однесуваа фудбалерите на Каменица Саса на дуелот против Слога 1934, на натпреварот во Виница, кој заврши без голови. Со овој резултат му скусија два бода на домаќинот и практично го симнаа од врвот на тебалета. Можеби му ја одзедоа и шампионската титула. Особено, бидејќи прилепска Победа со трите бода против Беласица изби на првото место. Но што беше нелогично на денешниот натпревар. Борбената игра и надигрувањето во првото полувреме можеби беше сватливо за публиката, но бункерот на каменичани во второто полувреме нема логичко оправдување.…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 3. мај, 11-та седница на Советот

Во вторник, на 3 мај 2022 година, со почеток во 17 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи единаесеттата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:                                          Програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2022 година Програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2022 година Програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година План за изменување на…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Општината „олеснета“ за 4.000.000 денари

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО И ЛОКАЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕНЕСКА ГО ПОСЕТИЈА МАНАСТИРОТ ДОБРА ВОДА, КОЈ ГО ПРАЗНУВА ИСТОЧЕН ПЕТОК БАЛАКЛИЈА. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ МИРЧЕ СТОЈКОВ СО СООПШТЕНИЕ ГО КРИТИКУВАШЕ НЕДОМАЌИНСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ПРЕТХОДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ Пратениците Драган Ковачки и Зоран Коцевски, од ВМРО-ДПМНЕ, придружувани од претседателот на Општинскиот комитет на партијата Мирче Стојков и претседавачот во Советот на опоштината, Лазе Митев, денеска го посетија манастирскиот комплекс Добра Вода, каде се сретнаа со претставници на црковниот одбор и со верници. Големиот манастирски собор го посети и градоначалникот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Политичари на молитви во Манастирот Добра Вода

МАНАСТИРОТ „ДОБРА ВОДА“, КОЈ БЕЛЕЖИ НАЈДИНАМИЧЕН РАЗВОЈ ВО РЕГИОНОТ, ДЕНЕСКА ГО ПРАЗНУВА ИСТОЧЕН ПЕТОК БАЛАКЛИЈА. ПО ТОЈ ПОВОД РЕКОРДЕН БРОЈ ВЕРНИЦИ ГИ ЗАПОСЕДНАА ДВОРОТ И ОКОЛИНАТА, СОЗДАВАЈЌИ ПРЕУБАВ ПРАЗНИЧЕН АМБИЕНТ. ПРВИОТ ЧОВЕК НА ЦРКОВНИОТ ОДБОР, СТЕФАН СТОИЛКОВ НАЈАВИ НОВИ ЗАФАТИ ЗА ОПРЕМУВАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС.   Манастирот Добра Вода, кај Оризари денеска го слави православниот христијански празник Источен Петок Балаклија. Од синоќа, на повечеринката до денеска манастирскиот собор го посетига рекордно голем број верници, кои доаѓаат да се замијат со лековитата вода, да запалат свеќа и да се помолат…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Кривична пријава за измама на штета на средства на Европската заедница

На 29.04.2022 од страна на Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со надлежно јавно обвинителство поднесена е кривична пријава до Основно јавно обвинителство Кочани против М.С. (45), М.С. (41) и здружение на граѓани од Кочани. Пријавените сториле седум кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 од КЗ и „Измама на штета на средства на Европската заедница“ по член 249-а од КЗ. Пријавените, во временскиот период од 01.01.2019 година до 02.09.2019 година, со прикажување на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Честитка по повод Рамазан Бајрам од градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов

По повод празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до верниците од исламската вероисповед, во која се вели: Почитувани, Во пресрет на големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам, на сите верници од исламската вероисповед во Кочани им го честитам и им посакувам овој празник да донесе спокој, мир и радост во домовите. Меѓусебното почитување и човековите вредности нека бидат заедничката водилка која сите ќе нѐ обединува. Да градиме меѓучовечко разбирање и сите заедно да продолжиме кон градење на соживот и подобро општество, со што заеднички ќе бидеме…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Советот на Општина Кочани ја одржа 10. седница

Советот на Општина Кочани ја одржа десеттата редовна седница, на која донесе одлука за основање јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување. На расправата по оваа точка градоначалникот Љупчо Папазов ја истакна итноста од основањето на ова претпријатие, со чија работа очекува заштедите да бидат поголеми од трошоците. Членовите на Советот ги усвоија годишните извештаи за работењето на Центарот за развој на Источниот плански регион и за реализација на Програмата за развој на Источниот плански регион за 2021 година; измената на Годишниот план за вработување за 2022 година…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Во сабота прв меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“

В сабота, 30.04.2022 година, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“, во организација на ШК „Кочани“. Милосиев беше долгогодишен активен шахист и претседател на шаховскиот клуб од Кочани, оставајки траги на ова поле во нашата општина. Пријавувањето за сите заинтересирани на шаховскиот турнир е во тек.

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Порано активирање на „Калиманци“

7-8 ДЕНА ПОРАНО ОД ВООБИЧАЕНО ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВОДАТА ОД АКУМУЛАЦИЈАТА „КАЛИМАНЦИ“ ЗА ПРЕКУ ДВАТА МАГИСТРАЛНИ КАНАЛИ ДА СЕ ДИСТРИБУИРА ДО ВОДОКОРИСНИЦИТЕ ВО РЕГИОНОТ. ВОДОСТОПАНСКИТЕ СТРУЧЊАЦИ ОЧЕКУВААТ УСПЕШНА НАВОДНИТЕЛНА СЕЗОНА, ДОКОЛКУ НЕ СЕ СЛУЧИ ЕКСТРЕМНА СУША, И КВАЛИТЕТНА ПРОИЗВОДСТВЕНА СЕЗОНА. Одговорните во Водостопанство Брегалница најавуваат дека од 29.април, петок, ќе биде пуштена водата од Акумулацијата Калиманци, која преку десниот магистрален канал ќе се дистрибуира до водокорисниците во регионот. Тоа значи поместување на стартот на наводнителната сезона од ХМС Брегалница за 7-8 дена, бидејќи во претходните години акумулацијата се активираше околу…

Прочитај повеќе