КУЛТУРА 

На 2 јуни – промоција на делото „Седумте“ од Илина Арсова

В четврток, на 2 јуни, во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ ќе биде промовирано делото „Седумте“ од алпинистката, амбасадорка на родовата еднаквост во спортот, екологистка и ликовна уметница Илина Арсова. Настанот, кој го организираат Општина Кочани и Библиотеката „Искра“, има три содржини. Во 11 ч., во дворот на Библиотеката, претставници на кочанските планинарски друштва „Москито“ и „Осогово“ и на Извидничкиот одред „Ластовица“ ќе имаат средба со Илина Арсова на која ќе можат да разменат искуства и да разговараат за можностите и предизвиците  во планинарењето. Од 12 ч., во просториите на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 3 јуни во Кочани – прво авиотретирање против комарци

В петок, на 3 јуни, од 5 до 8 часот  наутро, екипа на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ ќе ја спроведе првата фаза од авиотретирањето против комарци. Со превентивната дезинсекција ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на  Кочани  и  низинските села  што припаѓаат  на територијата на  Општина  Кочани. За третманите против комарците ќе се користат широкоспектарни инсектициди за третирање комарци одобрени од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето. Во случај на ветар, дожд и други неповолни временски услови, дезинсекцијата…

Прочитај повеќе