ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општината ќе го реши пристапот и паркингот

По реакција на наши сограѓани, кои искажаа загриженост за дупките покрај потпорниот ѕид на новата сообраќајна лента од Булеварот „Стево Теодосиевски“, од аспект на тоа дали ќе мораат тие да ги санираат, и како ќе им биде решен пристапот до дуќаните во Спортската сала кај Гимназијата, денеска ТВ Кочани доби експресен одговор од градоначалникот Љупчо Папазов Општината и изведувачот ќе ги санираат заостанатите канали и дупки за да не го попречуваат движењето, а ќе се изгради соодветна платформа и пристапни степеници до дуќаните , истакна Папазов. Тоа што делува загрижувачки,…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Огревот скапнува, извозот не запира

Иако ЈП Македонски шуми пролетва одлучи огревното дрво да остане со старата цена од околу 2500 до 2.600 денари, односно да не поскапува, сепак приватните добавувачи ги креваат цените, кои се очекува до почетокот на грејната сезона да достигнат 4000 денари за метар просторен. Неофицијални информации од Скопје и другите поголеми градови во државата велат дека дабовиот огрев веќе достигнал 5000 денари, што е енормно поскапување и тежок удар врз стандардот на граѓаните. За количина од 6 метри просторни, колку што најчесто набавуваат кочанчани, едно семејство ќе треба да издвои…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Движењето во шуми-забрането, печуркарите затекнати

ТОКМУ ВО ЕКОТ НА СОБИРАЊЕ ПЕЧУРКИ ДОЈДЕ ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИТЕ, СО КОЈА НАЦИОНАЛНИ ШУМИ САКА ДА ГО ЗАШТИТИ ШУМСКИОТ ФОНД ОД ПОЖАРИ, НО И ОД ДРВОКРАДЦИТЕ.  КАЗНИТЕ ЗА НЕПОСЛУШНИТЕ ОД 1500 ДО 2000 ЕВРА. Од денеска важи делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште од 6 до 20 часот, соопштуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а по барање на ЈП „Национални шуми” – Скопје. Забраната се воведува поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, и ќе трае се до проценката дека…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Полицијата најде марихуана, кривична пријава за кочанчанец

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.07.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општина Кочани ја потпиша Декларацијата за поддршка и развој на женското претприемништво

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов оствари работна средба со тимот на Националната платформа за женско претприемништво, на која ја потпиша Декларацијата за поддршка и развој на женското претприемништво. На средбата со тимот на Националната платформа, претседателката Валентина Дисоска, координаторката за јакнење на капацитети Емилија Андонова и координаторката од Источниот плански регион Ирена Мирчовска, градоначалникот ја истакна подготвеноста на Општина Кочани да иницира одржување на Форумот за женско претприемништво во овој регион. На тој начин се очекува во следниот период и на локално и на регионално ниво да му се даде…

Прочитај повеќе