СПОРТ 

Александар Андов поднесе оставка

Денеска сакам да ве известам вас медиумите и јавноста дека по направените анализи за сезоната која заврши решив да поднесам оставка од шеф на стручен штаб на ГФК Осогово. На ваков чекор се одлучив и решив бидејќи јас ја преземам одговорноста за тоа што нашиот градски миленик, нашиот клуб ГФК Осогово не успеа да го сочува местото во Втората Единствена Македонска лига иако испаднавме со освоени 31 бод 4 бодови повеќе од минатата сезона а минатата сезона го изборивме опстанокот со 27 бодови. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

Општина Кочани како организатор на ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ги повикува фудбалските екипи, најдоцна до 15 јуни 2022 година, да се пријават за учество на турнирот.   Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на с-ка 210041087870107 – ОФС Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години. Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од официјалната веб-страница  www.kocani.gov.mk. Ждребувањето и започнувањето на натпреварите ќе биде во договор со екипите. Дополнителни информации на телефоните 077 881 346…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ОПШТИНА КОЧАНИ И СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ ЗАПОЧНАА КАМПАЊА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА

Општина Кочани започна со испитување на јавното мислење како дел од кампањата за зајакнување на сообраќајната култура. Активностите се спроведуваат во соработка со СОУ „Гошо Викентиев“ односно со учениците и професорите од сообраќајната струка во ова училиште. Деновиве во централното градско подрачје беше реализирана анкета со случајно избрани жители, по прашалник поврзан со проблемите и предизвиците во сообраќајот, користењето на еколошки превозни средства и со паркирањето. По анализата на добиените одговори, со учениците од сообраќајната насока ќе се изготви едукативен материјал со цел да се зајакне свеста за влијанието на…

Прочитај повеќе