ПОЛИТИКА 

Поради советнички сомнеж, нема да има Младински културен центар

Ќе се претвори ли политичката заслепеност во сеопшто слепило, а младите во Кочани во заробеници на контрапродуктивните политички игри? Ова прашање само по себе се наметнува откако советниците од опозицијата не гласаа за иницијативата за формирање на Младински културен центар, како јавна општинска установа, која би придонела за остварување на локалниот интерес во културата од областите на издавачката, сценско-уметничката, филмската и галериската дејност, како и во дејноста на домовите на културата, дејноста за посредување во културата и во дејноста за управување со објекти. Причината за негласањето, како што беше истакнато…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Миле Петков нов претседател на ИПР

Во Кочани, во салата за состаноци во општинската зграда, Советот за развој на Источниот плански регион ја одржа тринаесеттата седница. На седницата Советот ги усвоиизмените нафинансискиот план на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2023 година; донесе одлука за преотстапување на изградениот објект „Партерно уредување во склоп на објектот Дом на млади – Штип“; а го  донесе и Правилникот за плати и надоместоци на вработените во Центарот за развој на Источниот плански регион.  На седницата во Кочани, за претседател на Советот за развој на Источниот плански регион, сметано од 21 ноември 2023 година, е избран Миле Петков,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Јавен повик за проекти за култура, спорт …

До 27 ноември е отворен јавниот повик на Општина Кочани за поднесување предлог-проекти за програмите за култура, спорт и социјална, детска и здравствена заштита за 2024 година. Предлог-проектите треба да имаат јасно определени цели, содржина и дефинирани финансиски средства, а може да се поднесат во каква било форма најдоцна до 27 ноември 2023 година во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани. Општина Кочани ги потсетува спортските клубови, здруженија и поединци корисници на средства од Програмата за спорт и корисниците од програмите за култура и за социјална, здравствена и детска заштита во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Оглас за Новогодишниот бараз во Кочани

Општина Кочани го објави огласот за организирање Новогодишен базар по пат на јавно наддавање.  Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар, кои ќе уплатат 10 % од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. Почетната цена на јавното наддавање е 30 илјади денари, со  минимален праг на наддавање од 3 илјади денари. Јавното наддавање ќе се спроведе на 20 ноември 2023 г., во 12 ч., во просториите на Општина Кочани.  Новогодишниот базар ќе се одржи на целата парцела во Градскиот парк во Кочани, во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Оштетен електричен столб во центарот на Кочани

Утрово, мостот кај Шопинг-центарот во Кочани осамна со уништено осветлување. Столбот и светилката, кои се дел од системот за јавно осветлување, биле мета на вандалско однесување. Оштетениот столб откај улицата „Кеј на Револуцијата“ е пресечен и нефунционален. Општина Кочани го осудува несовесното однесување врз јавното осветлување, кое како и кај урбаната и комуналната опрема е честа појава. За враќање во функција на опремата се одвојуваат средства од општинскиот буџет, што значи дека штетата ја трпи секој жител на Кочани. Општина Кочани упати пријава до надлежните институции и јавно ги повикува…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Конкурс за стипендии за 2023/2024 г.

Општина Кочани го објави конкурсот за доделување 30 стипендии на студенти, жители на Кочани. По десет стипендии ќе бидат наменети за студенти кои постигнале висок успех во студирањето и за студенти од социјално загрозени семејства, пет за студенти од ромската етничка заедница и студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести и пет стипендии за студенти на факултетите за медицински науки.  Доколку на јавниот конкурс не се пријават студенти од ромската етничка заедница, студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести,  студенти запишани на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кочани дел од евро-програмата URBACT IV

Одборот за мониторинг на европската програма URBACT IV одобри 30 интегрирани мрежи за планирање на акции, во кои ќе учествуваат вкупно 252 организации (градови, региони, универзитети…) од 28 европски земји. Меѓу нив и мрежата Beyond the Urban, мрежа предводена од Creacció и во која партнер е Општина Кочани . Главната цел на Beyond the Urban (URBACT IV) мрежата е да развие акциски планови за мобилност помеѓу руралните области и урбаните центри на градовите и териториите учесници, во кои ќе бидат вклучени локални актери од администрацијата, бизнисот, универзитети и граѓаните. Beyond the Urban има за цел да истражува иновативни решенија во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Центар за јавно здравје Кочани со информација за имунизацијата против сезонски грип

Директорот на ЦЈЗ Кочани,Гоце Серафимов денеска излезе со соопштение до граѓаните на општината дека во тек е имунуизација поротив сезонски грип. Обезбедени се четворовалентни  вакцини Инфлувац тетра кои делуват кон доминатините подтипови на грип од претходните сезони.  Пријавувањето е исклучиво преку порталот  вакцинација.мк кој генерира термин во одреден пункт.. И оваа година со програмата е опфатена бесплатна имунизација на стари лица над 65 години, деца, трудници и пациенти со хронични заболувања . Ве молиме придржувајте се кон  термините со што ке се избегне непотребна гужва во нашите  амбуланти.  Покрај бесплатните …

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кочани беше домаќин на 52. Државен фестивал на аматерски филм на Македонија

Во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија, во петокот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа 52. Државен фестивал на аматерски филм на Македонија. Златна плакета во категоријата документарен филм и Златна плакета за монтажа доби филмот „Трпејца“ на авторот Томе Љушев од Охрид; Златна плакета за краток игран филм и за сценарио доби филмот „Ти можеш“ на Марјан Беџоски и Никола  Димески од Прилеп;  Златна плакета за експериментален филм доби филмот „Трка против времето“ од авторот Кристијан Божиновски од Ресен; Златна плакета…

Прочитај повеќе