Ковид протоколи и на СРЦ „Пониква“

Иако граѓаните од Кочани и поширокиот регион, посебно љубителите на зимските спортови и снежните планински убавини, со нетрпение очекуваат да започне сезоната во спортско рекреативниот центар Пониква, сепак мора да водат сметка дека претстојната зима ќе ја одбележат кризните протоколи предизвикани од Ковид 19.

Очекувано, новите протоколи на Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на зимските центри во државата ќе важат и за двата целосно реновирани ски лифта на Пониква, каде се чека снегот за сезоната да започне.

Тоа значи дека пропишаните превентивни мерки во услови на пандемија од КОВИД-19, ќе се применуваат согласно условите на објектите во самите центри.

Практично се работи за измени во однос на обезбедување на редарска служба пред билетарите и стартните позиции на ски лифтовите, задолжително обезбедување на физичко растојание од 1,5 – 2 метри на тие што чекаат во ред. Понатаму, се предвидува ограничување на работа на угостителските објекти на терените само на отворен простор и со шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба.

Сподели: