Денеска во Кочани регистрирани 22 новозаразени

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа во Кочани се регистрирани 22 новозаразени, 27 оздравени и еден починат пациент на 65 годишна возраст. Бројот на активни случаи на ковид 19 е 244.

Во Виница во изминатото деноноќие се регистрирани 4 новозаразени и 9 оздравени пациенти. Овде бројот на активни случаи е 123.

На ниво на држава од направените 2758 тестирања, регистрирани 929 нови случаи на ковид 19.Институтот за јавно здравје регистрираше 1068 оздравени пациенти.

28 лица ја загубија битката со коронавирусот.

Сподели: