Соопштение од ОО на СДСМ Кочани

Почитувани,

Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз од Кочани му ја честита кандидатурата за градоначалник на Љупчо Папазов.

Ни причинува посебно задоволство што опозицијата во Кочани конечно собра храброст да излезе со кандидат за градоначалник.

Разочарани сме што поранешниот директор на КЈП „Водовод“ Љупчо Папазов застанува зад партија која деновиве самата на прес-конференција ја призна корумпираноста на своите кадри во минатото.

Изненадени сме што партијата што го кандидира, преку него му дава неспорен легитимитет и повторно го враќа на сцена поранешниот градоначалник на Кочани, кој граѓаните силно го поразија на последните локални избори.

Невистините во првото претставување на Љупчо Папазов ни даваат за право да очекуваме валкана и дрска кампања. Реализираните проекти во изминатите четири години се препознаени и вреднувани од значајни меѓународни структури и го вбројуваат Кочани во општините со најбрз развој. Токму првиот настап на Папазов јасно го покажува неговиот страв од „градежната шминка“ со која ги потценува реализираните инфраструктурни проекти.

Свесни сме дека Папазов и неговата партија знаат дека кандидатот  за градоначалник на Кочани од Социјадемократскиот сојуз на Македонија, иако официјално не е дефиниран, и кој и да биде, е непремостлива пречка за нив. Во изминативе четири години секој разумен граѓанин на Кочани дозна како е да се работи чесно, одговорно и транспарентно, виде дека секому може да му се помогне, без разлика на националност, вера, пол, партиска припадност. Ова го потврдуваат сите анкети: на политички партии, домашни и меѓународни здруженија и организации!

На крајот, повикаме во претстојниот период на локални избори да надвладеат разумот и човечноста!  

ОО на СДСМ – Кочани

Сподели: