Прес конференција на кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ , Љупчо Папазов

Почитувани сограѓани, Почитувани медиуми,

Се собравме во еден тим да заеднички понудиме нови идеи, проекти и квалитетни решенија за нашата општина.

Кочани заслужува модерен и одржлив развој, вреднување на знаењата и способностите на секој поединец, стабилни услови за извесна иднина… Рационалното располагањето со парите на граѓаните бара чесен пристап од докажани професионалци. Затоа, одговорно се посветуваме на решавање на потребите и проблемите на граѓаните од следниве општествени области:

1. Комунални работи, инфраструктура и сообраќај

2. Зачувување на животната средина и урбанизам

3. Локален економски развој и туризам

4. Младите и образованието

5. Безбедноста и противпожарна заштита

6. Социјалната заштита

7. НВО и меѓународна соработка

Нашата програма и проекти во престојниот период ќе ги споделуваме секојдневно, со што би ги запознале граѓаните со енергијата и креативноста на нашиот тим кои се ставени целосно во функција на исполнување на реално остварливи проекти за создавање нова перспективна иднина за Кочани

Ви благодарам.

Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на општина Кочани

Сподели: