Оризопроизводителите пак на протест

Членовите на Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството за утре, вторник во Облешево, во 10 часот најавуваат масовен протест поради неприфаќањето на нивните барања од страна на Владата. Со трактори ќе ја блокираат едната лента од коловозот на магистралниот пат Кочани-Штип, за да ја искажат својата решеност дека ќе бидат упорни се до исполнувањето на барањата откупната цена на арпата да не биде по мала од 40 денари, а на оризот од 80 денари за килограм. Се бара целосна исплата на субвенциите и продолжување на рокот за откуп до крајот на првата половина од годината.

Неодамна министерот Љупчо Николовски оствари средба со земјоделски производители во Кочани, меѓутоа како што велат членовите на Иницијативниот одбор, не се сретна со нив, туку само со членови и симпатизери на СДСМ, каде се договарани одредени мерки и активности, но истите се далеку од барањата на оризопроизводителите.

Сподели: