Нема врган, нема бизнис

Печуркарите во регионот сезонава останаа со речиси празни раце. Обично најраспространетиот Врган изминатата пролет и летово се појавија само на одредени места и во малки колични, поради што собирачите останаа со празни корпи и со минимална заработка. Добри познавачи на печуркарството велат дека во првиот период врганот освен што ретко се појавувал, брзо скапувал поради преголемата влага од честите врнежи, или го напаѓале црви. Нешто подобра е ситуацијата со поедини други видови печурки, како лисичарата, која ја има повеќе од вообичено, но сепак таа не ги исполнува очекувањата на собирачите и не остварува позначаен приход.

Инаку, сегашниот период на екстремно високи температури, не создава поволни услови за вегетација на печурките, што значи дека овогодишната сезона најверојатно ќе биде пропуштена. Сето тоа предизвикува разочараност кај собирачите и кај откупувачите, кои ќе останат без дополнителни приходи. Лошата сезона ќе се одрази негативно и врз извозот на вгранот, преку кој се остваруваше значаен девизен прилив.

Сподели: