Атрактивна трка на патеката „Пониква“

29 ВОЗАЧИ ВО ШЕСТ КАТЕГОРИИ ИЗВОЗИЈА МОШНЕ СОЛИДНИ ВРЕМИЊА НА ВТОРАТА РИДСКО-ПЛАНИСКА ТРКА НА НОВИОТ АСФАЛТ НА ПАТЕКАТА КОН „ПОНИКВА“. КОЧАНЕЦОТ МАНАСИЕВ ПОРАДИ НЕЗГОДА ВО ПРВОТО ВОЗЕЊЕ НЕ УЧЕСТВУВАШЕ ВО ВТОРОТО.

Во организација на АКК „Про Спорт“ и АКК „Перформанс“ двата клуба од Скопје, и техничка поддршка на Автомобилистичката федерација на Македонија, вчера на патеката кон Пониква, долга близу 6 км, се одржа втората ридско-планинска трка за оваа година. Вкупно 29 учесници се натпреваруваа со брзините во шест класи, во две возења.

По речиси идеални временски услови и сува патека, победничките пехари ги освоија: -Во класата „Twingo“ од Бојан Петрушевски од АКК „Скопје“; Во класата Е1-1000 најдобро време постигна Христаки Давитковски со легендарниот Фиќо, или „Zastava 750“ од АКК „Фичо 600“; Во Е1 до 1200 кубика – Георгиеј Наков со „Застава Југо“ од АКК „ПСС“; Во Е1-1400 – Слободан Трајковски „Zastava Yugo“ од АК „Перформанс“; Во Е1-1600 – Дејан Стојанов со „Peugeot 106“ од АКК „Г-Форс“; Во Е1-2000 – Димитриј Кимовски со „Honda Civic Type“ од АКК „Перформанс“; Во Е1над 2000 кубици – Бојан Пешов со „Honda Civic Type“ од АКК „Скопје“

Кочанецот Дејан Манасиев во класа Е1 до 2000 кубика, по првата трка во неговата класа беше втор, а во генерален пласман заврши на третата позиција, иако поради незгода не учествуваше во второто возење.

Сподели: