Во Кочани 19 новозаболени и 12 оздравени пациенти

Министерството за здравство информираше дека во Кочани денеска се регистрирани 19 новозаболени и 12 оздравени пациенти. Од направените 3353 тестирања, на ниво на држава регистрирани се 1168 нови случаи на КОВИД 19.

Институтот за јавно здравје регистрираше 692 оздравени пациенти.

Во Виница денеска се регистрирани 5 новозаболени и двајца оздравени пациенти.

Бројот на активни случаи во Кочани изнесува 319, а во општина Виница 133 лица позитивни на коронавирусот.

Сподели: