ЦРНА ХРОНИКА 

Со закана со пиштол решавал недоразбирања кај градската депонија над С.Бели

На 05.04.2023 во 13.30 часот во ОВР Кочани, В.М.(26) од с.Владевци, струмичко, пријавил дека околу 09.45 часот на Градската депонија во Кочани над с.Бели – патот кон ,,Пониква“, едно лице му се заканило со пиштол. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Маж падна на улица во бессознание

МАЖ НА ВОЗРАСТ ОД СЕДУМДЕСЕТИНА ГОДИНИ ПАДНА НА УЛИЦА И ОСТАНА ВО БЕЗСОЗНАНИЕ. ВЕРОЈАТНО ОД УДАРОТ СО ГЛАВА НА АСФАЛТОТ, МУ ИМАШЕ ИСТЕЧЕНО КРВ ОД НОСОТ. ЕКИПА НА ИТНАТА ПОМОШ ГО ОДНЕСЕ ВО КОЧАНСКАТА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ЗАРАДИ УКАЖУВАЊЕ СООДВЕТНО ЛЕКУВАЊЕ. Денеска, околу 10 часот, на Улицата Д-р Николиќ, во центарот на Кочани, маж на возраст од околу 70 години, движејќи се по коловозот, паднал на асфалтот и останал во безсознание. Старецот одел пешки, со помош на бастун, држејќи во едната рака некакво кесе. Од носот му имаше истечено крв, веројатно…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Со туѓа картичка од банкомат влечел пари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Ф.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 16.10.2022, пријавениот со дебитна картичка, сопственост на друго лице, од банкомат во Кочани подигнал пари.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Во нива пронајдени човечки коски,облека и обувки

На 19.03.2023 во 11.15 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во нива на место викано „Кочански дол“, атар на Кочани, биле пронајдени човечки коски, облека и обувки. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани. По наредба на Јавен обвинител пронајденото било дадено на вештачење, информираат од полицијата.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Маж од Кочани на социјалните мрежи објавил видео од 33 годишна жена со компромитирачка содржина

На 13.03.2023 во Полициската станица Кочани бил извршен службен разговор со Г.П.(40) од Кочани. Тој се сомничи дека на 09/10.03.2023 на социјалните мрежи објавил видео со 33 – годишна жена со компромитирачка содржина. Полициски службеници од ОВР Кочани, по судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле лаптоп компјутер и мобилни телефони за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По комплетирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

ЦУК: Жена починала, а еден пожарникар е повреден при пожар на куќа во Оризари, кочанско

Денеска Регионалниот ЦУК Кочани, известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Кочани, по дојава во 09.52 часот, инервенирале на гаснење пожар на семејна кука во населба Оризари, Општина Кочани на улица ,,Љупчо Сантов“ бб. Било интервенирано со 3 возила од ТППЕ Кочани, 5 пожарникари и 4 мештани при гаснење на пожарот. При пожарот во куќата починало едно женско лице на возраст од околу 80 години, а при противпожарната интервенција бил повреден и еден пожарникар. По гаснењето на пожарот се повикани полициски екипи од Полициската станица ПС Кочани, кои вршат…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Две сообраќајки за 24 часа

Вчера во Кочани се судрија две патнички моторни возила, на улицата Кеј на револуцијата, во непосредна близина на градскиот парк. Практично Ауди со кочански регистарски таблички удрило во мерцедес, кој се движењл пред него. Направена е материјална штета на двете возила, но за среќа повредени нема. Покрај оваа претходниот ден се случила уште една сообраќајка несреќа во која била повредена малолетничка, откако била удрена од автомобил. Имено, на 23.02.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, патничко возило „рено клио“ со кочански…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Кривична пријава против правен субјект и одговорно лице од Кочани за „пустошење шума“

На 10.02.2023 Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани против правно лице од Кочани и В.Т.(53) од Кочани, како одговорно лице во правното лице, за сторено кривично дело „пустошење шума“ по член 226 став 5 в.в. став 1 и 2 од Кривичниот законик. Пријавените, спротивно на закон, без да имаат склучен писмен договор со ЈП „Национални шуми“ Скопје – ПШС „Осогово“ Кочани за извршување на работи на шумска култура за активностите сеча и дотур во ШСЕ „Злетовска река – Пониква“, во шума во државна…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Ограбен дуќан за брзи кредити

Ноќеска непознати сторители извршиле провална кражба во објект во кој е сместена канцеларијата на фирма за брзо кредити „Креди ЈЕС“ во центарот на Кочани. Овиената влезна врата ја забележале вработените кои утрово дошле на работа и веднаш пријавиле во Полициската станица во Кочани. Полициски службеници извршиле увид на објектот со цел да пронајдат траги и докази од провалниците. Засега нема информација дали во објектот имало пари и евентуално колку се пронајдени и однесени. Како и за тоа дали се украдени други вредни предмети. Истрагата е во тек.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Сообраќајна несреќа во центарот на Кочани

Рано утринава во Централното градско подрачје кај раскрсницата кај шопинг центарот се случила сообракајна несреќа помеѓу две возила од кои едното завршило на троторот при што оштетен е ѕидот на кејот на реката и урбана опрема. Според очевидци до несреќата дошло поради непочитување на првенство на минување на крстосницата , а за срека во моментот на несреќата немало пешаци. Неколку часа од несреќата со информации излегоа и од СВР Штип кои ја потврдија несреќата која била пријавена во 5 часот и 28 минути . Во незгодата учествувале две возила, товарно…

Прочитај повеќе