ОПШТИНА КОЧАНИ 

Знамиња се менуваат, поделбите остануваат

Топ вест на годината. Кочани ќе ги менува грбот и знамето. По само десетина години важност на „вмровските“, наскоро на сила ќе дојдат „сдсмовските“ општински симболи. Небаре се партиски обележја на успеси, или симболи на политичка победа. Некогаш за знамето се гинело, паѓал покосен од куршум еден, го земал друг знаменосец. Денеска тоа како да е играчка со која си поигруваат едните, додека се на власт, па потоа другите. Или можеби новите знаме и грб ќе бидат надпартиски !? Ако првично, сега веќе извесно старите симболи, по нешто ќе се…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

ЈОУ „Библиотека Искра„ до одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

ЈОУ Библиотека Искра во соработка со ОУ Никола Карев, денеска реализираа неколку активности преку кои го одбележаа 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Покрај кејот на реката група ученици делеа книги и оставаа пораки за значењето на мајчиниот јазик. Идејата и целта на прославувањето на денот на мајчиниот јазик е да се промовира секој мајчин јазик, но да се негуваат и другите јазици во светот. ЈОУ Библиотека Искра во соработка со ученици од ОУ Никола Карев на случајни минувачи делеа книги од познати автори и оставија пораки за значењето…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Јавен повик од ОК на ВМРО -ДПМНЕ Кочани

Почитувани, Со цел да ги спречиме погубните политики на Зоран Заев, заедно започнуваме со собирање граѓански потписи за фер, веродостоен и европски попис. ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани ги повикува сите Македонци, Роми, Турци, Власи и останати, од сабота, 20 февруари, недела 21 февруари и понеделник, од 12 до 15 часот во Градскиот парк, согласно протоколите за КОВИД-19, да дадеме поддршка на иницијативата за собирање потписи за укинување на Законот за попис и заеднички да го спречиме политички мотивираниот попис во Македонија. Потребна ни е статистичка операција, исправен и точен попис на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 28 февруари на Пониква ќе се одржи „Осоговски велеслалом 2021“

Општина Кочани во соработка со Скијачката федерација на Македонија, на 28 февруари 2021 година организира „Осоговски велеслалом“. Настанот е по иницијатива на градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев,а целта е да се промовира Пониква како скијачки центар. Идејата еда се мотивираат децата и младите да научат да скијаат, а тие што веќе ја поседуваат оваа вештина – што повеќе да ја практикуваат. Натпреварите ќе се реализираат во пет категории: цицибани, деца, млади, сениори и ветерани. Учесниците ќе скијаат на ски-патеката 3, која за натпреварот ќе ја подготви и опреми Скијачката…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани: Реваншизам и непрофесионални преместувања

Почитувани! Партискиот реваншизам на локалните структури на СДСМ кои се на високи позиции во Кочанската полиција зема се поголем замав. Министерот ги деморализира вработените во МВР и заедно со неговите локални шерифи си поставува подобни кадри на високи позиции, а сите оние кои ќе ги именуваат како ,,проопозициони” ги тргаат од хоризонт, ги преместуваат во други градови и им се намалуваат чинови без преседан. Ова не било никогаш! Долгогодишни вработени во МВР со големо искуство и заслуги се преместуваат без причина и реална основа, само затоа што имаат храброст да…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

По ловот, дивечот очекува храна

Само што куртули од ловците дивечот се соочува со проблематично прехранување поради дебелата снежна покривка. Тоа подеднакво се однесува на ситниот полезен дивеч во полските терени, каде загрозени се зајакот и еребиците, така и на крупниот планински, главно дива свиња и срни. Од секретарот на здружението на скопскиот концесионер на двете ловишта во Општина Кочани, дознаваме дека деновиве ќе се изврши прихранување на дивечот со зрнеста храна, како во полињата, така и на ридско-планинските предели. На точно утврдени места ќе се постават импровизирани хранилишта, со пченка, пченица и јачмен. Другите…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Проблематичен сообраќајот на угорнините

Снегот што паѓа во текот на денешниов ден го отежнува одвивањето на сообраќајот. Службите на „Водовод“ употребија сол и песок за да ја олеснат проодноста на улиците. На терен е и механизацијата. Одговорните предупредуваат дека ниските температури создаваат голомразица, поради што на високите делови во градот движењето со возила е тешко и небезбедно. Се предупредуваат возачите и сите учесници во сообраќајот на зголемена претпазливост. Екипи на КЈП „Водовод“ ќе останат дежурни и во текот на ноќта, а расчитувањето ќе продолжи и на тротоарите и пешачките мостови. Механизацијата на претпријатието „Калина“,…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Средба Пејпар Мил – Здрав Живот

Одборот за Здрав Живот во Кочани оствари средба со раководството на фабриката за рециклирање на хартија Пејпер Мил од Кочани Кочани, 13 февруари 2021г. – На покана на „Пејпер Мил“ од Кочани, претставници на Одборот за Здрав Живот во Кочани остварија средба со претставници на менаџментот на „Пејпер Мил“ фабриката за рециклирање на хартија. На средбата се разговараше за ставовите на невладините организации и за идните планови за можно рестартирање на фабриката. Менаџментот на „Пејпер Мил“ информираше дека фабриката во целост ја почитува одлуката на Инспекторатот за животна средина и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Изградба и реконструкција на четири улици во Кочани – во тек е јавната набавка за избор на изведувач

Според Програмата за уредување на градежното земјиште за тековната година, со почетокот на сезоната за асфалтирање ќе се работи на изградба и реконструкција на четири улици во градот. Асфалт ќе биде поставен на 430 метри на улицата „Митко Ѓорѓиев“, во населбата Усова Чешма и на 90 метри од улицата „Димитрија Лазаров“ во Белското Маало. На оваа улица ќе се реконструира и нејзиниот приклучок, каде ќе се обнови асфалтот на површина од 105 метри квадратни. На двете улици одводнувањето ќе биде решено со сливни решетки. Реконструкција им претстои и на улиците…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Различно гледање на работите ги разделија ФК „Слога“ и Крсте Крстев !?

Сеуште нема, а веројатно и воопшто ќе нема официјално соопштение од ФК „Слога 1934“ за прекинатата соработка со шефот на стручниот штаб Крсте Крстев, односно за причините за неотповикливата оставка на кочанскиот фудбалски стручњак. Ако се знае дека финансиите не се проблем во овој спортски колектив, тогаш останува логичната претпоставка дека се работи за некакво несогласување. Одејќи по таа логика, Актуелности дознава дека во прашање е токму недоразбирање на релација Крстев-Управа на клубот, околу политиката на изборот на фудбалери и одлучувањето кој треба да игра, а кој не. Крстев, наводно…

Прочитај повеќе