КОМЕНТАР 

Кој се може да биде градоначалник ? Секој !!!?

ВО ВРЕМЕ КОГА КАНДИДАТОТ НА ВМРО ДПМНЕ Е ОБЈАВЕН, НЕЗАВИСНИОТ Е ИЗВЕСЕН, А НА СДСМ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ, НА ПЕДЕСЕТИНА ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ, ГРАЃАНИТЕ, РАСТРГНАТИ ПОМЕЃУ ТОА ШТО ИМ СЕ НУДИ И ШТО ПОСАКУВААТ, ДО 17 ОКТОМВРИ ТРЕБА ДА ИЗДЕФИНИРААТ  – КАКОВ ПРОФИЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИК БИ БИЛ НАЈПРОДУКТИВЕН. ДОДЕКА НЕЗАВИСНАТА КАНДИДАТКА ВО СКОПЈЕ ВЕЛИ ДЕКА ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ ГИ РЕАЛИЗИРА СИТЕ ВЕТЕНИ ПРОЕКТИ, ВО КОЧАНИ ПОЛА МАНДАТОТ СЕ ТРОШИ ЗА ДА СЕ „НАУЧИ ЗАНАЕТОТ“. ЗАТОА ДАЛЕКУ ПРЕД КОЧАНИ СЕ ГОЛЕМИОТ ШТИП, АМА И МАЛАТА ВИНИЦА. Промовирајќи се по медиумите, независната…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ декласирано, „Слога“ рутинирано

Со одигрувањето на првото коло во новата фудбалска сезона, Второлигашите на истокот го отворија првенството, за кое стручњаците велат дека ќе биде едно од најнеизвесните во поново време. На пет стадиони се одиграа исто току дуели, при што поуспешни беа гостинските екипи кои извојуваа три победи, а домаќинитње две. Екипата на Осогово во Кочани претрпе убедлив и разочарувачки пораз од Каменица Саса, со резултат 1:4. Кочанци само во првите 20 минути беа рамноправен противник, бидејќи потоа гостите и со игра и со резултат ја направила очигледната разлика. Слога 1934 во…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Ненормални закони во (не)нормална држава

Телевизиите низ државата, веројатно и другите медиуми, денеска добија допис од АВМУ, на барање на Владата за емитување кампањи за вакцинација на населението и за борба против корупцијата. Емитувањето да биде бесплатно. Значи, медиумите да ја спасуваат државата и со вакцинацијата и со корупцијата. Тоа е истата таа влада и истата таа држава, кои пред три години го донесоа Законот за нефинансирање на медиумите и во него членот 102, со што ги доведоа во финансиски ќор сокак и пред згаснување. Истите тие што три години никако не можат да најдат…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Објавен распоредот за тестирањето на реонски попишувачи на 27 август

Комисијата за Пописниот реон 13 ги известува кандидатите кои се пријавиле на јавниот конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во периодот од 19 до 25 август 2021 г.,како и кандидатите кои претходно уредно се пријавиле на конкурсот, но не се јавиле на закажаните термини за тестирање, дека тестирањетоќе се спроведе во училници на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, на 27 август 2021 година. Пријавените кандидати за Пописниот реон 13  ќе се тестираат во четири групи, сите…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Одговорност за забавата во ОУ „Раде Кратовче“

Почитувани, Во петокот, 20.08.2021 година граѓаните на Кочани беа сведоци на организирање на приватна веселба во училишниот двор на ООУ „Раде Кратовче“ на која што голема група на граѓани присуствуваа во време на пандемија и во услови на рестриктивни мерки. Оттука произлегува прашањето кој им дозволи на организаторите во време кога на невакцинираните граѓани им се ускратени правата за посета на молови, кафеани, кафичи, настани и поголеми јавни собири да направат ваква приватна веселба. Дали присутните некој ги контролирал дали се вакцинирани, а и доколку има, кој ги контролирал, дали…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Род ќе има, а цени – не!

ПОЛНАТА АКУМУЛАЦИЈА „КАЛИМАНЦИ“ И СОНЧЕВОТО ЛЕТО СОЗДАДОА ИДЕАЛНИ УСЛОВИ ЗА ВЕГЕТАЦИЈА НА ОРИЗОВАТА КУЛТУРА, КОЈА Е ВО ФАЗА НА КЛАСАЊЕ И НАЈАВУВА БОГАТ РОД. ОКОЛУ ОТКУПОТ, ВООБИЧАЕНО НЕИЗВЕСНО И ВО ПОГЛЕД НА ДИНАМИКАТА И НА ЦЕНИТЕ НА АРПАТА И БЕЛИОТ ОРИЗ. КАКВИ ВЕТУВАЊА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЌЕ ИМ ДОНЕСАТ ПОЛИТИЧАРИТЕ ВО ЕКОТ НА КАМПАЊАТА ? Земјоделците од кочанската котлина задоволни ги тријат рацете од состојбата со оризовата култура, која се наоѓа во поодмината фаза на класање. Ако долготрајното топло време, со надпросечни температури неповолно се одрази врз другите култури, тоа кај…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Кој политизира со „ГФК Осогово“ ?

Почитувани, ГФК Осогово жали што мора да реагира на еден политички субјект кој  политизира врз Кочанскиот бренд Осогово.  Ние како клуб секогаш сме и се залагаме за паролата ,, Политиката надвор од Спортот – Спортот на Спортистите ‘’. Новата управа на клубот која раководи еден месец има добиено само  450 000 денари од општина Кочани.  Тие средства се изгласани преку Советот на Општината, а истите средства се пуштаат квартално на секои три месеци.  Со таа финансиска рамка ГФК Осогово успешно економски менаџира : -Платeнa  котизација кон ФФМ за учество во…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Власта го критикува, „Осогово“ домаќин на „К.Саса“

Второлигашите во последен момент ги собраа парите и ги уплатија за котизација, со што се создадоа услови за жребување и старт на новото фудбалско првенство. ГФК „Осогово“ во првото коло ќе ја пречека секогаш незгодната  екипата на „Каменица Саса“. Се очекува интересен и до крај неизвесен натпревар, во кој трите бода се особено императив за жолто-сините. Поради Ковид мерките дозволено е на натпреварите да присуствуваат гледачи но само доколку поседуваат потврда за примена прва вакцина, или имаат потврда за прележан Ковид-19, но не постара од 45 дена. Двојќи од првото…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Напролет ќе се сее на Драчевик и Сламерник !!!?

Овие денови државните власти од метрополата Скопје, кои изгледа заборавиле на своето минато и потекло, дојдоа во Тркање и одлучно изјавија дека е добро што се случил пожарот и што им ги изгорел пасиштата. Тие со државни пари, демек од народот, ќе купеле семе за трева и ќе го посеале по пеплосаните ридови Драчевик, Сламерник и секаде каде е изгорено. Плус ќе се изградат поилишта, хранилишта .. И така тревата ќе никне, ридовите ќе раззеленат а по нив стадата ќе забелеат. Арно ама, убавите планови на ЈП за стопанисување со…

Прочитај повеќе
ГРАЃАНИТЕ НИ ЈАВУВААТ 

Свадба во училиште …, што е следно?

Дали е во прашање некаков комерцијален или политички дил, или нешто друго, важно свадбата во дворот на едно од најстарите кочански основни училишта ги зовре социјалните мрежи. Сеуште не се стишала една афера, а кочанци и пошироката јавност веќе имаат нов „специјалитет“ за коментирање и оговарање.   Имено денеска на социјалните мрежи се појавија фотки на кои се гледа  како во дворот на ОУ „Раде Кратовче“ се одвива убава свадбена веселба, со сите нишани. Дали некој некого прашал за отстапување на просторот, никој не се произнесува. А дали и каква одговорност…

Прочитај повеќе