СПОРТ 

„Осогово“ ги започна подготовките

Новиот шеф на стручниот штаб, Тимо Аксентиев, заедно со тренерот на голманите, Јоже Јованов, денеска ја извршија прозивката на фудбалерите со кои практично стартуваат подготовките за претстојната фудбалска сезона. На првиот тренинг присуствуваа безмалку дваесетина фудбалери, главно од помладите селекции на сопствената школа, предводени од неколку искусни и докажани фудбалски имиња на жолто сините.   -За почеток располагаме со дваесетина фудбалери кои поседуваат квалитет и можат да одговорат на обврските во третолигашката конкуренција, истакна тренерот Тимо Аксентиев. Младите поседуваат талент и квалитет и очекувам брзо да напредуваат. Стратегот на жолто-сините…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Повик за пријавување штети од невремето

Се повикуваат граѓаните на Општина Кочани  кои имаат материјална штета предизвиката од невремето кое го зафати Општина Кочани на ден 24.07.2022 година да поднесат пријава за проценка на штета во Општина Кочани – Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди (поплава), најдоцна до 01.08.2022 година. Образецот на пријавата за штета можат да го подигнат од Eдношалтерската канцеларија во Oпштинта или да го симнат од ВЕБ страната на Општина Кочани. Кон пријавата во прилог да приложат: копија од лична карта копија од трансакциска сметка фотографии од настанатата штета (доколку имаат)

Прочитај повеќе