ЦРНА ХРОНИКА 

Кочанец загина откако бил прегазен од трактор од кој претходно паднал

На 08.07.2022 во Полициска станица Кочани е пријавено дека на 07.07.2022 година во Комплекс клиники „Мајка Тереза”- Скопје, починал Б.К.(57) од с.Теранци, кочанско. Тој на 29.06.2022 бил донесен кај нив со повреди. Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад пред трактор, управуван од С.Г.(81), а по дополнително извршени проверки од страна на полициските службеници е констатирано дека лицето било удрено со трактор. За случајот е известен Јавен обвинител.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Советот на Општина Кочани ја одржа 14. седница

Советот на Општина Кочани ја одржа четиринаесеттата редовна седница на која работеше по 27 точки од дневниот ред. Членовите на Советот ги усвоија полугодишните извештаи за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со државно градежно земјиште и за работењето на комуналните редари во општинската администрација, предлог-одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани, годишните планови за вработување на СОУ „Љупчо Сантов“, ООУ „Раде Кратовче“ и на ООУ „Малина Попиванова“. Советниците ги прифатија Иницијативата за изменување и дополнување и Предлог-статутот за изменување и дополнување…

Прочитај повеќе