ОПШТИНА КОЧАНИ 

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

По повод празникот Курбан Бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, испрати честитка до верниците од муслиманска вероисповед, во која се вели: -Во пресрет на верскиот празник Курбан Бајрам, од мое лично име и од името на општинската администрација упатувам искрени честитки до сите верници од исламската вероисповед. Овој празник не потсетува дека со помагањето едни на други го зајакнуваме меѓучовечкото разбирање, соживотот и градиме поубава иднина и општина. Ви посакувам овој голем празник да Ви донесе среќа, радост, љубов и внатрешен мир – стои во честитката од градоначалникот.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Презакажана 14 седница на Советот

Денеска нешто пред 8 часот, Општина Кочани лиферуваше известување до медиумите дека четиринаесетата седница на Советот на општина Кочани нема да се одржи, односно дека е одложена за друг термин. Во првичното известување не се наведуваат причините за откажувањето на седницата, меѓутоа Актуелности.мк неофицијално дознава дека претседавачот поради оправдани причини не бил во можност да ја води истата. Подоцна, следуваше ново известување дека Четиринаесетата седница е презакажана за 11. Јули, понеделник, со почеток во 9 часот. Инаку, комисиската расправа по точките кои се на дневен ред, а во функција на…

Прочитај повеќе